Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Автомобилските компании и натаму заостануваат зад Tesla Motors
 
Spodeli
22 August 2015, 16:58


Автомобилските компании и натаму заостануваат зад Tesla Motors  Автомобилските компании и натаму заостануваат зад Tesla Motors
Според познавачите на приликите, остатокот од автомобилската индустрија нема да може успешно да го следи примерот на Tesla Motors, барем не во брзо време, а доказ за тоа би можел да биде електричниот SUV модел од Audi...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во текот на оваа недела, Audi ги објави своите планови за претставување на конкурент на Tesla Model X SUV.

Концептот Audi E-tron Quattro е електричен кросовер со четири седишта, а истиот ќе послужи како основа за новата линија на електрични автомобили од германскиот производител, која би требало да дебитира во 2018-та година.

Меѓутоа, според познавачите, новиот автомобил од Audi само ги покажува залудните обиди на авто-индустријата ефективно да се натпреварува со Tesla Motors.

„Времето на лансирање (2018-та) и непрактичноста (4 седишта) на концептот, укажуваат на фактот дека конкуренцијата во сегментот на луксузни електрични автомобили и натаму е далеку зад Tesla“, вели аналитичарот Џејмс Албертин.

Tesla Model X, кој се очекува да дебитира оваа есен, ќе има поголем степен на корисност и подобра автономија од онаа на автомобилот на Audi, што изнесува 310 милји (500 km) со едно полнење.

Според Албертин, многу е поверојатно E-Tron да прерасне во ривал на Q5 и Q7 SUV моделите на Audi отколку на Model X.

Експертот смета дека на конкурентите и натаму им е тешко да понудат целосно електрични возила со исти, а зошто да не и подобри, карактеристики од оние на нивните „бензинци“.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил