Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Електрични автомобили > Airbnb и Tesla ќе вградуваат електрични полначи во објекти ширум светот
 
Spodeli
22 August 2015, 13:59


Airbnb и Tesla ќе вградуваат електрични полначи во објекти ширум светот  Airbnb и Tesla ќе вградуваат електрични полначи во објекти ширум светот
Airbnb и Tesla имаат намера да ја подигнат свеста за позитивните ефекти од користењето на електрични автомобили и тоа преку една навистина инвентивна кампања ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Намерата на проектот е да се вградат електрични полначи за Tesla автомобили во објекти и преноќевалишта ширум светот, почнувајќи од калифорнискиот брег.

Кампањата е наменета за корисниците на Airbnb и сопствениците на Tesla автомобили и истата дејствува во две насоки. Имено, доколку сте корисник на Airbnb можете да поднесете апликација со која ќе дознаете дали вашиот објект е соодветен за вградување на електричен полнач.

Од друга страна, доколку сте сопственик на Tesla автомобил, можете да видите кои имоти и објекти што се наоѓаат долж вашата рута се опремени со електричен полнач за напојување на вашиот автомобил. На тој начин прецизно може да ги одберете вашите попатни дестинации, односно објектите во кои ќе престојувате пред да стигнете до посакуваната локација.

Сите заинтересирани, повеќе информации можат да добијат на следниов линк.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Електрични автомобили



 
 
 
 






Одберете нов автомобил