Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Tesla Motors е најиновативната компанија во светот
 
Spodeli
20 August 2015, 16:55


Tesla Motors е најиновативната компанија во светот  Tesla Motors е најиновативната компанија во светот
Според магазинот Forbes, американскиот производител на луксузни електрични автомобили, годинава е најиновативната компанија во светски рамки...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Критериуми кои треба да ги исполнуваат компаниите за да се најдат на респектабилната листа на Forbes, сe да имаат јавно објавени финансиски извештаи за период од барем седум години и да имаат пазарна капитализација од најмалку 10 милијарди долари.

Годинава, првото место на листата и' припаѓа на Tesla Motors, компанија која во 2015-та би можела да оствари бруто приход од 5,5 милијарди долари, што би било 54 отсто повеќе во однос на лани. Од 2010-та година, вредноста на акциите на Tesla Motors е зголемена за 15 пати, со што пазарната капитализација достигна 33 милијарди долари.

На второ место на листата на најиновативни компании се наоѓа компјутерската Salesforce. По неа следуваат две фармацевтски компании Alexion и Regeneron Pharmaceutical, а меѓу првите 10 најиновативни се најдоа и уште две фармацевтски компании INCYTE Corp (7-мо место) и Biomarin Pharmaceutical (10-то). Инаку, меѓу првите десет, Tesla e единствената автомобилска компанија.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил