Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Први податоци за Golf VII
 
Spodeli
13 May 2010, 15:52


Први податоци за Golf VII Volkswagen Golf VI Први податоци за Golf VII
Според инсајдерите, новата генерација на најпопуларниот компакт автомобил, ќе добие нов, свеж изглед, а ќе се темелни на многу полесна платформа...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новите турбо бензински и дизелски мотори ќе го придвижуваат најценетиот член од Volkswagen семејството.

Се на се, изворите се убедени дека новиот Golf со голема леснотија ќе завладее со компакт класата. Кога станува збор за изгледот, како по традиција, нема многу да се експериментира. На приложената слика можете да ги видите рендерите кои пристигнаа од инсајдерите, а на нив може да се забележат многу делови од детроитскиот концепт New Compact Coupe (NCC).

Исто така, новиот Golf ќе биде достапен во неколку каросериски изведби, вклучувајќи ја класичната хеч варијанта со три и пет врати, како и купе верзија со пет врати, по примерот на Passat CC, а нормално дека тука е и кабриолет верзијата со платнен кров.

Како што спомнавме на почетокот, новиот Golf ќе се темели на комплетно нова, полесна платформа, а нејзиниот развој наводно е при крај. Станува збор за модуларна платформа, а на нејзината продолжена верзија ќе биде темелен новиот Passat.

Целокупната моторизација, ќе се карактеризира со мала зафатнина, но потпомогната од турбо полначи. Покрај 4 - цилиндарските мотори, може да се очекуваат и нови бензински и дизелски варијанти со по три цилиндари. Сите нови мотори ќе се одликуваат со висока економичност, а покрај BlueMotion линијата, понудата ќе ја „позеленат“ и дизелски хибридни изведби. Врвот на понудата ќе претставува GTI и GTD изведби, а над нив ќе се „смести“ R верзијата со погон на сите четири тркала.

Купувачите наводно ќе можат да очекуваат долга листа на стандардна и додатна опрема, вклучувајќи автоматски паркирање и систем за препознавање на сообраќајните знаци. Системот за сателитска навигација , би требало да ги предупредува возачите за острите кривини или наглите удолници и угорници.

На крај, да кажеме дека новиот Golf пристигнува во 2012 година, а цената не би требала да биде поразлична од цената на сегашниот модел.


Volkswagen Golf VI
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
DEFINITIVNO NAJDOBAR ZA NASI USLOVI
Напишан од DEFINITIVNO NAJDOBAR ZA NASI USLOVI  пред  околу 105 месеци
Znaci momci koga ke imate moznost da vozete golf 6 togas ke mozes da zboris za golf a ne pak za golf 7 ,sekoja golf masina e najizdrzliva i na prodavana ako ne ste slusnale.
Напишан од Martin Strumica  пред  околу 107 месеци
Germansko jugo golf 6 nema razlika od polo ista golemina na kabina ima
Напишан од Koki  пред  околу 107 месеци
Cista MONOTONIJA t.e.nemanje na ideja za nadvoreshen izgled,ama za performansi sekoja cest.
Напишан од Beavis  пред  околу 108 месеци
hhaha ne davam ni 5 pari za ova sranje wv isto pak ista linija :):):)
Напишан од zoran  пред  околу 109 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 83
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил