Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Се најавува наследник на популарната „ајкула“ од Citroen
 
Spodeli
18 August 2015, 19:11


Се најавува наследник на популарната „ајкула“ од Citroen  Се најавува наследник на популарната „ајкула“ од Citroen
Англиски магазини најавуваат дека наследникот на оригиналниот Citroen DS може да го очекуваме во 2018-та година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Според многумина дизајнери, оригиналниот Citroen DS, од средината на минатиот век, е најубавиот автомобил кој досега се појавил на патиштата.

Моќната машина, која на нашите простори е позната и како „ајкула“, се памети како технолошко чудо на своето време, а некои од решенијата кои тогаш биле применети од страна на француските инженери, дури ни денес не се надминати.

Иако францускиот производител одново ја „оживеа“ линијата DS, светот се' уште не доби вистински наследник на овој автомобил, иако моделите DS3, DS4 и особено DS5 се вистински модерни чуда на четири тркала.

Меѓутоа, неколку добро информирани англиски магазини, специјализирани за автомобилизам, информираат дека наследникот на популарната „претседателска лимузина“ е сосема извесен, односно дека новата „ајкула“ ќе се појави веќе во 2018-та година.

Истите извори известуваат дека автомобилот ќе се базира на концепт моделите Numéro 9 и Divine DS кои францускиот производител ги претстави на големи меѓународни изложби.

Новитетот би требало да ги има стилските карактеристики на оригиналниот Citreon DS од 1955-та година, осовремен со компоненти и идеи од погоре споменатите концепт модели.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил