Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Hyundai i30 N со 300 КС ќе биде претставен на саемот во Франкфурт
 
Spodeli
12 August 2015, 23:08


Hyundai i30 N со 300 КС ќе биде претставен на саемот во Франкфурт Hyundai i30 Hyundai i30 N со 300 КС ќе биде претставен на саемот во Франкфурт
Според одредени информации Hyundai има намера кон средината на следниот месец, односно на саемот за автомобили во Франкфурт, да ја претстави спортската N изведба од моделот i30...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Да потсетиме, кон крајот на 2013-та, Hyundai го основаше N одделот како еден вид на т.н. „домашен тјунерски сервис“, а сега конечно би требало да се запознаеме со првиот проект на неговите експерти.

Иако првично се мислеше да i20 ќе биде првиот модел со N ознака, се чини дека тоа нема да биде така и дека честа ќе му припадне на поголемиот i30. Но, особено е интересна информацијата во врска со неговата моторизација.

Имено, се верува дека i30 N ќе биде придвижуван од 2,0-литарски 4-цилиндричен турбо мотор со моќ од околу 300 КС или 220 kW и максимален вртежен момент од 383 Nm. Исто така, овој модел би требало да биде опремен со постојан погон на сите четири тркала.

Покрај тоа, изворите одат дотаму што тврдат дека N верзија всушност ќе се базира на нова модуларна платформа за компактни автомобили, со што i30 N ќе биде сосема нов модел во однос на стандардната понуда на ова возило.

Повеќе информации треба да бидат објавени наскоро.


Hyundai i30
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил