Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Volvo ја напаѓа компактната класа
 
Spodeli
11 August 2015, 19:18


Volvo ја напаѓа компактната класа  Volvo ја напаѓа компактната класа
Во блиска иднина може да се очекуваат Volvo новитети со кои Швеѓаните би им конкурирале на модели како што се Golf, Focus и сл...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Volvo и неговиот кинески сопственик Geely отворија нов центар за истражување и развој, CEVT (China Euro Vehicle Technology), кој ќе се фокусира на развој на нови компактни модели, пред сена оние од C сегментот.

Седиштето на CEVT се наоѓа Гетеборг, а тамошните експерти ќе бидат во можност во потполност да развиваат нови автомобили. Тоа подразбира конструкција на шасија, мотор, трансмисија, каросерија итн. Со оглед на тоа дека се планираат модели со различна големина и цена, CEVT ќе користи модуларна технологија.

Поконкретно, не само што одредени делови ќе можат да се изработат во различна големина, туку истите ќе исполнуваат и различни квалитативни критериуми. Тоа ќе овозможи полесна имплементација на нови технологии и решенија, но и побрз и поевтин развој на нови автомобили.

Не е познато кога точно новите производи може да се очекуваат пазарот, но се претпоставува дека тоа би било изводливо за околу две години. Volvo веќе потврди дека новата „архитектура“ ќе се искористи за следната генерација на моделот V40, а истата ќе послужи како основа и за потенцијален компактен SUV - XC40.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил