Со новиот закон за безбедност во сообраќајот како новитет се предвидува обврската за поставување на детско седиште на задната клупа од патнички автомобил за дете помало од пет години, како и превоз на дете до две години на предното седиште, под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење.
Со ваквото решение се врши усогласување со законодавството на земјите членки на ЕУ за задолжителна употреба на сигурносни појаси во возила со тежина помалку од 3,5 тони и воедно зголемување на безбедноста на децата што се превезуваат во возилата.
|