Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Автомобилите на Tesla наскоро ќе можат самостојно да вртат и паралелно да се паркираат
 
Spodeli
04 August 2015, 19:11


Автомобилите на Tesla наскоро ќе можат самостојно да вртат и паралелно да се паркираат  Автомобилите на Tesla наскоро ќе можат самостојно да вртат и паралелно да се паркираат
Со серија на твитови, извршниот директор на Tesla Motors најави дека компанијата се подготвува за ажурирање на нов софтвер...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

За луѓето кои се длабоко загрижени за зголемената примена на вештачката интелигенција, оваа информација може да изгледа и малку иронично, но Илон Маск неодамна соопшти дека автомобилите на Tesla наскоро ќе бидат подготвени самостојно да вртат и паралелно да се паркираат.

Со серија на твитови во петокот, извршниот директор на Tesla Motors најави дека компанијата се подготвува за ажурирање на нов софтвер кој ќе им овозможи на автомобилите самостојно да вртат и паралелно да се паркираат.

Сепак, најпрво постои уште еден момент кој треба да се разработи, односно инженерите мора да се осигурат дека софтверот може да ја препознае сообраќајната сигнализација во самрак.

Маск објави дека софтверот ќе му овозможи на автомобилот да реагира „постручно“ во дадени ситуации.

Tesla, се разбира, не е единствената компанија која е активно вклучена во развојот на автономното возење. Google ги тестира своите самоуправувачки автомобили од 2009-та година па наваму.

Соопштението на Маск не беше сосема неочекувано, бидејќи Tesla веќе има некои функции својствени за автономното возење. Истите вклучуваат сензори кои детектираат објекти на одредена далечина, предупредување при излегување од обележаните сообраќајни ленти и сл.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил