Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА       КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Тема > Користењето на дисплеи во возилата ги загрижува експертите за безбедност
 
Spodeli
26 July 2015, 17:58


Користењето на дисплеи во возилата ги загрижува експертите за безбедност  Користењето на дисплеи во возилата ги загрижува експертите за безбедност
Кога станува збор за дисплеите кои се поставуваат на контролната табла во возилото, две работи се совршено јасни: купувачите ги сакаат, а производителите имаат намера да ги обезбедат...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Дали користењето на дисплеи е навистина добра идеја?

Автомобилските компании се решителни во својот потврден одговор. Тие велат дека  дисплеите, кои повеќе се однесуваат како паметни телефони, ќе ги зголемат приходите и ќе привлечат купувачи. Исто така, производителите инсистираат на тоа дека ваквите екрани ќе го направат возењето помалку опасно, бидејќи истите поседуваат добро интегрирани гласовни контроли и се чувствителни на допир, па така би ги одвратиле возачите од користење на мобилните телефони, кои многу повеќе ја одземаат концентрацијата.

Меѓутоа, дисплеите предизвикаа и широка дебата за тоа колку употребата на ваква технологија е соодветна за во автомобилите.

„Мислам дека користењето на дисплеите во возилата покренува сериозни прашања во врска со јавната безбедност“, изјави Џо Симитиан, правник од Калифорнија кој бил вклучен во изработката на законите што ја ограничуваат употребата на мобилни телефони при возење. Тој додава дека од правна гледна точка, ова ќе биде нешто со кое законодавците ќе се борат во годините што доаѓаат.

„Не може да гледате во екранот и на патот во исто време“, вели Дејвид Стрејер, професор по когнитивни науки на универзитетот во Јута, кој има напишано неколку студии кои се однесуваат на теми поврзани со невнимателното возење. Според него, екраните поттикнуваат активности кои го одземаат вниманието многу подолго од она што се смета за безбедно и прифатливо.

Неговите истражувања покажуваат дека читањето на една просечна текстуална порака, функција која екраните ја подржуваат, трае четири секунди, а тоа е далеку повеќе од она што професорот Стрејер го смета за безбедно.

Но, од друга страна, се чини дека за производителите на автомобили и нивните клиенти, екраните се нешто на кое не можат да му одолеат.

Во Audi А3, на пример, возачите кои ќе ги синхронизираат телефоните со своите автомобили, може да проверуваат одредени новости поврзани со нивниот Twitter профил, можат да прикачуваат фотографии направени со телефонот и да побараат мапирање на местото каде што била направена одредена фотографија.

„Доколку не се обезбеди нешто што е корисно, луѓето едноставно ќе ги користат своите паметни телефони, а сите ние знаеме дека телефоните најмногу го одземаат вниманието“, изјави Марк Данке, портпарол на Audi.

Засега, достапноста на дисплеј не влијае многу во одлуката за купување на автомобил, но производителите сметаат дека екраните како опрема ќе станат многу позначајни во текот на следните 3-5 години.

Една неодамнешна студија спроведена од страна на компанијата J.D. Power покажува дека околу 15 отсто од потрошувачите не би се согласиле да купат автомобил во кој не се достапни најновите технологии, а само пред една година истото се однесувало само на 4 отсто од купувачите.

Недостаток на регулатива

Во моментов, употребата на дисплеи во возилата не е прецизно регулирана. Многу држави го забранија следењето на видеа кои не се однесуваат на навигацијата, додека автомобилот е во движење.

Федералните стандарди пропишуваат само неколку правила, вклучувајќи го и она со кое се бара осветленоста на дисплеите да биде прилагодлива.

Во овој контекст, според неодамнешно истражување спроведено од страна на Reuters, општиот стандард на производителите на автомобили е дека возачите треба да бидат способни да ги завршат споредните активности преку серија на погледи кон дисплејот, во интервал од 2 секунди, односно вкупно за не повеќе од 20 секунди.

Според стандардите на властите пак, задачите би требало да бидат комплетирани за време од 1,5 до 2 секунди, а вкупно за не повеќе од 12 секунди.

Од друга страна, американската администрација за безбедност во сообраќајот смета дека една акција во возилото би требало да се комплетира со не повеќе од 6 притискања на копчињата.

Накратко, не постојат јасни пропозиции усогласени од сите релевантни организации. Додека тоа се случи, сезависи од одговорноста и нивото на свест кај возачите.

Дисплеите се' почесто имаат функции кои се популарни кај паметните телефони

Некои производители, како Hyundai, ги прават своите дисплеи компатибилни со Android и iOS, софтверските платформи за паметени телефони од Google и Apple, па возачите всушност може содржините од телефонот да ги гледаат директно на екранот. Други компании, меѓу кои и Tesla, создаваат системи кои не се потпираат на синхронизирање со телефони.

Правењето на екраните со што е можно поголема реактивност на командите е една од главните цели на производителите. Според нив, нешто што реагира брзо и зафаќа поголема површина, е многу побезбедна опција од паметен телефон.

Досега, осигурителните компании не зазеле конкретен став во однос на користењето на дисплеи во автомобилите:

„Присуството на поголеми интерактивни монитори во возилото, засега не ги зголемува, ниту пак намалува цените на полисите, освен доколку дисплејот не е доволно вреден за да го зголеми ризикот од кражба“, изјави портпаролот на една американска осигурителна компанија.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тема



 
 
 
 






Одберете нов автомобил