Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Споредби > 9 автомобили кои имаат подобро забрзување од Ludicrous режимот на Tesla
 
Spodeli
25 July 2015, 18:44


9 автомобили кои имаат подобро забрзување од Ludicrous режимот на Tesla Tesla Model S 9 автомобили кои имаат подобро забрзување од Ludicrous режимот на Tesla
Oд Tesla објавија дека моделот P90D, со новиот Ludicrous режим, е автомобил со најдобро забрзување на пазарот. Проблемот е во тоа што ваквото тврдење и не е баш точно ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во продолжение, ќе наведеме девет супер автомобили кои од 0 до 60 милји на час (97 km/h) забрзуваат за идентични 2,8 секунди или пак за помалку од тоа.

2014 911 Turbo S

Две запирка шест секунди. Тоа е тоа. За ова автомобилскo чудо медиумите напишаа: „Да се гледа забрзување до 60 милји на час за 2,6 секунди, надвор од автомобилот, е неверојатно. Забележувате по една целосна револуција на секое тркало од возилото и потоа го снемува“.

2012 Lamborghini Aventador LP700-4

Aventador LP 700-4 изгледа како нешто од друга планета: дел супер автомобил, дел вселенски брод и дел трансформер. Дури и во 2011-та година автомобилот до 60 милји на час забрзуваше за 2,7 секунди. Тоа е брзо по сите стандарди.

2006 Bugatti Veyron 16.4

Veyron ќе се памети како неприкосновен крал на брзината. До неодамна беше неприкосновен и во забрзувањето. Оригиналниот 16.4 до 60 милји забрзува за 2,6 секунди. Изведбата Super Sport истото го постигна за 2,52 секунди во 2011-та година, додека пак во 2014-та забрзувањето изнесуваше рамно 2,5 секунди. Само 918 и LaFerrari можат подобро од тоа.

2015 Porsche 918 Spyder

Само зa една десетинка зад LaFerrari и рамо до рамо со Bugatti Veyron SS, 918 Spyder има прилично импресивно забрзување. Станува збор за 2,5 секунди. Како и да гледате, тоа е зачудувачки брзо.

2015 Nissan GT-R Nismo

Не е побрз од новиот режим на Tesla Motors, тоа е сигурно. Но, со 2,8 секунди, е исто толку брз.

2015 McLaren 650S Convertible

Од  0 до 60 милји на час за само 2,7 секунди, но неверојатно е тоа што се случува по 60 милји. Бројките на забрзување се запрепастувачки.

2015 Lamborghini Huracan

Со V10 од 602 КС зад седиштата, Huracan е машина која особено се истакнува кај забрзувањето од 0 до 60 милји на час. Бројката е 2,8 секунди, исто како кај Tesla.

2014 Ferrari LaFerrari

Кој автомобил има подобро забрзување од Veyron Super Sport или Porsche 918 Spyder? Не толку тешко прашање бидејќи практично гледате во одговорот. Некои медиуми забрзувањето на LaFerrari сликовито го опишаа вака: „Кога ќе се решите да го испробате забрзувањето на LaFerrari, можно е на совозачкото седиште магично да се појави Чубака, заедно со вселенски костум за вас, бидејќи едноставно сте подготвени за совладување на вселенските пространства“. Конкретната бројка е 2,4 секунди.

2014 McLaren P1

Од 0 до 60 милји на час за 2,6 секунди. Побрзо од Ludicrous режимот на Tesla, но по која цена?

*Нова информација: Неодамна Tesla Motors го избриша својот твит со кој тврдеше дека моделот P90D, со новиот Ludicrous режим, е автомобил со најдобро забрзување на пазарот. Изјавата ја коригираа и сега истакнуваат дека P90D е седан со најдобро забрзување на пазарот, што всушност е точно.


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Споредби



 
 
 
 






Одберете нов автомобил