Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Дизајнерска визија за електричен мотоцикл од Tesla Motors
 
Spodeli
24 July 2015, 14:55


Дизајнерска визија за електричен мотоцикл од Tesla Motors  Дизајнерска визија за електричен мотоцикл од Tesla Motors
Џанс Слапинс, независен дизајнер од Лондон, претстави интересен виртуелен проект за Tesla мотоцикл...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Концептот М (или Model М), претставува визија за мотоцикл кој калифорниската компанија за електрични возила, Tesla Motors, би можела да го произведе во иднина.

Секако, мотоциклот би бил придвижуван од електричен мотор, како и сите други возила на Tesla Motors. Моќноста на агрегатот би изнесувала 204 КС односно 150 kW. Извор на енергија би биле литиум јонски батерии, ниско поставени, за центарот на гравитација на мотоциклот да биде на што е можно пониско ниво.

Model М би користел четири различни компјутерски контролирани режими, во зависност од расположението на сопственикот и ситуацијата во сообраќајот. Мотоциклистите ќе можат да изберат меѓу режимот Race наменет за на тркачката патека, Cruise за возење на отворен пат, Standard за секојдневно возење во урбаните средини, како и Eco режим кој ќе послужи за рационално трошење на енергијата, доколку целта е поголема автономија.

Скелетот на овој електричен мотоцикл би бил алуминиумски рам, а на местото на резервоарот за гориво би се отворило место за багажен простор, доволен да се смести една кацига.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил