Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Tesla Model S ќе добие нов, „Ludicrous“ режим
 
Spodeli
18 July 2015, 14:31


Tesla Model S ќе добие нов, „Ludicrous“ режим Tesla Model S Tesla Model S ќе добие нов, „Ludicrous“ режим
Tesla Model S P85D е добро познат по својот, оригинално именуван, Insane режим, во кој автомобилот до 60 милји (96,5 километри) забрзува за 3,1 секунда. Сепак, некои сметаа дека тоа „лудило“ не е доволно ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Електричниот Model S сега ќе добие нов, Ludicrous режим.

Во овој режим, автомобилот ќе забрзува од 0 до 60 милји само за 2,8 секунди. Според извршниот директор на Tesla, Илон Маск, ваквото забрзување ќе го „закова“ возачот за седиштето, бидејќи е побрзо и од слободен пад. Според него, тоа е како да имате свој приватен тобоган.

Има само еден мал неповолен детаљ: за разлика од повеќето надградби за Tesla Model S кои можат да се добијат преку едноставно ажурирање на софтверот - овој новитет не е бесплатен. Зошто? Бидејќи Tesla требало да направи и нов хардвер кој всушност ја овозможува надградбата.

Надградбата ќе чини 10 илјади долари како опција за новите купувачи, а 5 илјади долари за сопствениците на P85D.

Маск исто така објави две други новости во врска со Model S:

1. Компанијата го воведува Model S 70, верзија со нов мотор од 70 kWh која ќе чини 70 илјади долари.

2. Исто така, по цена од 3 илјади долари ќе биде достапен батериски пакет од 90kWh, како опција за надградба на оној од 85kWh во Model S. Оваа можност е пред се' наменета за новите купувачи, а иако истата е достапна и за актуелните сопственици, сепак Маск повикува тие да почекаат додека надградбата не е навистина потребна, бидејќи со текот на времето опсегот и натаму ќе се подобрува.

На пресот, попатно беа споменати и неколку информации за електричниот SUV од Tesla, Model X, но и за нивната поевтина, компактна опција, Model 3. Првиот Model X ќе биде испорачан за два месеци, додека пак Маск вети дека продажбата на Model 3 ќе започне за нешто повеќе од две години.

Откако ќе го изгледате видеото подолу, ќе ви стане јасно од каде потекнува идејата за називот на новиот режим...


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил