Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Volkswagen ја претстави својата визија за иднината на паркирањето
 
Spodeli
15 July 2015, 19:49


Volkswagen ја претстави својата визија за иднината на паркирањето  Volkswagen ја претстави својата визија за иднината на паркирањето
Германскиот автомобилски гигант ја презентираше својата работа на проектот наречен V-Charge, кој всушност претставува успешна комбинација на технологијата за автономно паркирање, со системите за полнење на електрични автомобили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Системот V-Charge му овозможува на возачот да вози до главниот влез, на пример, на некој трговски центар и без дополнителни грижи да го напушти возилото. Потоа, преку паметен телефон се активира системот за автономно паркирање. До автомобилот се испраќа дигитална мапа, која всушност му помага сигурно и лесно да го пронајде патот до слободно паркинг место.

Понатаму, доколку паркингот е опремен со полначи на батерии за електрични возила, V-Charge ќе го насочи автомобилот токму кон такво место за паркирање. Штом батеријата е целосно наполнета, возилото ќе го напушти местото за напојување и ќе се упати кон обично паркинг место, за да отстапи простор за друг електричен автомобил.

Кога возачот ќе биде подготвен да го напушти споменатиот трговски центар, едноставно, со помош на апликација го повикува автомобилот на местото каде што го оставил, а автомобилот ќе дојде самостојно, подготвен за ново патување.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил