Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Како Bosch ги „научи“ автомобилите да менуваат брзини
 
Spodeli
13 July 2015, 20:26


Како Bosch ги „научи“ автомобилите да менуваат брзини  Како Bosch ги „научи“ автомобилите да менуваат брзини
Пред педесет години првиот прототип со електронски контролирана трансмисија од компанијата Bosch, тргна на своето прво патување...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Менувачот на моделот Glas 1700, модерна лимузина од средната класа, работел како да е маѓепсан. Инженерите го користеле овој автомобил како тест возило за сосема нов систем. Тие се надевале дека електронската контрола на мануелниот менувач ќе ги ослободи возачите од потребата да притиснат на кумплуг и рачно да ја променат брзината.

Ваквата технологија била развиена под водство на младиот инженер Херман Шол, кој сега е почесен претседател на групацијата Bosch. Системот бил замислен како поволна алтернатива за скапите автоматски менувачи кои тогаш се нуделе исклучиво во луксузните лимузини. Во текот на 1965-та, за моделот Glas 1700 биле направени неколку стотици решенија.

Меѓутоа, според Шол, технологијата за електронска контрола на преносот била пред своето време и пазарот се' уште не бил подготвен за неа. Покрај тоа, во тој период BMW ја преземал фирмата Glas која претходно била во сопственост на семејство, а баварскиот производител не бил заинтересиран за користење на новата технологија во своите автомобили.

Motronic ги постави основите за автоматска трансмисија

Дури во 1979-та година, вториот изум на компанијата Bosch поттикнал помасовен интерес за менувач кој самостојно менува брзини. Со системот Motronic, Bosch за прв пат во автомобилите вградил микропроцесор кој можел слободно да се програмира. Но, тоа не било се'. Во комбинација со сопствена меморија, тоа бил прв случај на употреба на компјутер во автомобил.

„Motronic обезбеди уште една можност за систем за контрола на трансмисијата, но овој пат за автоматски, а не за рачен менувач. Во комбинација со системот за управување со моторот, технологијата обезбеди идеално автоматско менување на брзините“, истакнува Херман Шол.

Системот за контрола на преносот испраќал команди до моторот, а системот за управување со моторот ги толкувал и спроведувал тие команди. Систем за контрола на трансмисијата за прв пат бил вграден во BMW 745i, во 1983-та година, заедно со автоматски 4HP22 менувач, произведен од страна на германската компанија ZF AG.

Современа контрола на пренос: мини компјутер со високи перформанси

Во тоа време ваквата технологија се' уште била многу ексклузивна, но во текот на следните две децении станала стандардна за сите возила со автоматски пренос. Електронските системи за контрола на преносот, кои го усогласуваат менувањето на брзини со параметрите за вбризгување и палење, се меѓусебно поврзани технологии кои имаат за цел да обезбедат оптимални перформанси во возењето, потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови.

„Системот за контрола на преносот избира брзина, така што моторот е речиси секогаш во идеален работен опсег. Со цел да ја задржат прецизноста, модерните менувачи се опремени со напредна дигитална интелигенција“, вели Херман Шол.

Контролната единица е мини компјутер со исклучителни перформанси, кој овозможува комплексни операции за различни видови на автоматски менувачи. Колку за споредба, можноста за обработка на податоци кај модерните управувачки единици за пренос е 160 пати поголема од онаа на компјутерот кој бил користен на првиот лет до месечината.

Возење во лер и поврзаност: иднината на автоматските менувачи

Денес, половина од сите нови возила во светот се опремени со автоматски менувач, а сите знаци укажуваат на поголема поврзаност. Кај Bosch доказот за тоа се јавува во форма на електронска платформа што ги поврзуваа менувачот со навигациските информации кои се ажурираат секоја минута. Навигациските системи го следат опкружувањето и теренот и можат информациите да ги спроведат до автоматскиот менувач, кој потоа може да се префрли во неутрална позиција и на тој начин да помине дал од патот. Овој „попаметeн“ автоматски пренос може да обезбеди дополнителна заштеда на гориво од десет или повеќе проценти.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил