Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Tesla Model X нема друг избор освен да биде хит
 
Spodeli
11 July 2015, 21:25


Tesla Model X нема друг избор освен да биде хит  Tesla Model X нема друг избор освен да биде хит
Доколку се' оди според планираното, производителот на електрични автомобили Tesla Motors ќе ги испорача првите единици од својот Model X кон крајот на ова лето - најверојатно во септември...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Како што се приближува лансирањето на Model X, инвеститорите почнуваат да мислат за потенцијалот на возилото.

Речиси е невозможно да не се пренагласи важноста која Model X ја има за американската компанија, поради тоа што станува збор за само втор проект на Tesla Motors, кој следува по успешното деби со Model S. Значи, се работи за автомобил кој ќе разјасни многу нешта во поглед на иднината и угледот на овој производител, бидејќи популарноста на Model S постави високи стандарди за сите следни модели.

Model X е голем влог за Tesla

Извршниот директор на Tesla Motors, Илон Маск, е уверен дека Model X ќе биде чекор понатаму во развојот на компанијата.

„Со новиот автомобил имаме потенцијал двојно да го зголемиме обемот на Tesla“, истакна Маск во интервју за CNBC.

Со повеќе од 20.000 резервации за Model X, побарувачката за овој SUV веројатно нема да претставува проблем годинава.

Според Маск, продажбата во целост ќе зависи од способноста на Tesla правилно да го одреди обемот на производство на новото возило, потег за кој и самиот признава дека ќе биде тежок за повлекување.

„Вистинското прашање, за кое во моментов немам одговор, е колку време ќе ни биде потребно за успешно регулирање на обемот на производство“, вели Маск.

Оваа несигурност во врска со способноста на Tesla да го држи под контрола бројот на произведени возила е во согласност со претходните коментари од извршниот директор. Но, ваквата дилема не треба да ги наведе инвеститорите да ги кренат рацете во вис и да се откажат дури и при најмала шпекулација за обемот на продажба на Model X. Покрај се', Model X е клучот кој треба да и' овозможи на Tesla да го акумулира потребниот буџет за неопходните инвестиции во фабриката за производство на батерии и следното планирано возило кое треба да има пониска цена.

Потенцијал за продажба на Model X во 2015-та

За среќа, Маск е доста погласен кога станува збор за потенцијалите за производство на Model X. Доколку се разгледаат коментарите кои во изминативе месеци раководството на Tesla ги има дадено во однос на производството на Model X, тогаш веројатно може да се дојде до некоја приближна бројка за испораките кои ќе бидат направени во текот на 2015-та.

Обемот на производство на Model Х би можел да го дуплира оној на Model S. Менаџментот на Tesla укажаше на тоа дека компанијата е далеку поподготвена за лансирање на Model Х, отколку што била за Model S. Удвојувањето практично би значело дека во текот на 2015-та година би биле произведени околу 5.000 примероци од Model X, под претпоставка дека производството ќе започне во текот на септември.

Во поглед на горната граница, може да се претпостави дека во текот на 2015-та, Model X ќе биде произведен во најмногу 12.000 примероци. Во овој контекст може да издвоиме една изјава од Маск која тој ја даде во текот на првиот квартал од 2015-та: „Очекуваме значаен обем на производство на Model X во текот на последните четири месеци од годинава, кој ќе биде на нивото на производство од останатите квартали“. Со оглед на тоа што Tesla произведува по околу 11.500 примероци на Model S во еден квартал, доколку се' биде во ред, би можеле да очекуваме околу 12.000 испораки на Model X до крајот на 2015-та година.

Значи, според коментарите на менаџментот на Tesla, може да се претпостави дека во текот на 2015-та година ќе бидат испорачани помеѓу неколку илјади и 12.000 примероци од Model X. За жал, секој понатамошен обид да се допрецизира обемот на производство би бил бесполезен. Треба да му се верува на Маск кога вели дека во моментов дури ни тој не е сигурен за конечниот исход.

Засега, се' што светот виде во однос на Model X е прототип верзијата која беше претставена пред неколку години и бета верзии на автомобилот кои беа фотографирани во текот на тест возењата низ Силиконската долина. Но Tesla допрва треба да ги презентира точните спецификации на сериската верзија на Model X и да ни обезбеди поглед во внатрешноста на финалната верзија.

Доколку Tesla започне со испораки кон крајот на третиот квартал од 2015-та, како што е веќе најавено, значи само недели не делат од претставувањето на сериската верзија на Model X.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил