Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Peugeot 108 – уникатен малечок со акцент на стилот
 
Spodeli
07 July 2015, 00:55


Peugeot 108 – уникатен малечок со акцент на стилот Peugeot 108 Peugeot 108 – уникатен малечок со акцент на стилот
Најновиот модел на Peugeot од мини класата пристигна и кај нас, донесувајќи нова свежина во класата, која последниве неколку години беше преплавена со функционални, но недоволно уникатни и стилски автомобили....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Всушност, самото тоа што мини автомобилите се возат најчесто во градски услови, значи и дека најмногу луѓе ќе ги забележат. А 108 е како створен за ваква околина. Изгледа забележително и стилски од сите агли, со маркантна предна маска, која е одлично вклопена со динамичните странични линии и одважниот заден дел со високо поставени задни светла и голема стаклена површина.



Но, само добриот дизајн веќе не е доволен за да се постигне уникатност. 108 има многу можности за персонализација, со кои ќе бидете сигурни дека вашиот автомобил ќе биде единствен и со кој пред се ќе ги покажете своите преференци. Спортски изглед за посилниот пол? Нежен изглед со разиграни бои за понежниот пол?  Класичен стил со поелегантни бои? Можностите се скоро неограничени!

Зошто? Зошто персонализацијата кај Peugeot 108 не значи само неколку ситни надворешни елементи, односно неколку избори за боја во внатрешноста. Тука, можете дури и да изберете специјално дизајнирани шари, кои ќе одговараат на оние на вашата облека. Како пример ќе го земеме моделот Dressy, кој реинтерпретира безвременски дизајн во вид на животински мотив, кој доловува ултра шик и модерен изглед. Покрај него, достапни се уште шест други теми избрани од Peugeot: Sport, Barcode, Dual, Tattoo, Diamond и Kilt. И кај сите, пазено е и на најситните детали – дури и вашиот клуч ќе биде облечен во избраниот дезен!



Но, еден модерен мини автомобил мора да понуди и можност за лесно поврзување со најважните уреди за младите денес, нивните паметни телефони, А кај 108 тоа е елегантно решено со Mirror Screen, односно можноста да го пресликате вашиот телефон на големиот 7 инчен дисплеј во внатрешноста и да ги оперирате сите негови функции, вклучувајќи ги и инсталираните апликации, од таму. На екранот автоматски се вклучува и слика од камерата поставена во задниот дел, кога ќе позиционирате менувачот за возење назад, а исто така, се контролираат сите команди од патниот компјутер и мултимедијалниот систем.

Peugeot 108 е достапен и во две различни изведби – обична, со тврд покрив и полу – кабрио верзија со платнен покрив, кој може целосно да се отвори. Ова, заедно со моделите со кои ја дели платформата, Toyota Aygo и Citroen C1, го прави единствен во класата и е вистински адут во ракавот, особено за оние кои уживаат во возењето со отворен покрив, односно сите кои сакаат свеж воздух во летните денови.



Моторизацијата ја сочинуваат два бензински агрегати со три цилиндри, кои ги карактеризира исклучително ниска потрошувачка и солидни перформанси. Помалиот 1.0 литарски мотор, развива 68 КС и троши само 3,8 литри гориво во просек (со Stop&Start), што го прави апсолутно најекономичен бензински мотор во сегментот. Посилниот мотор има зафатнина од 1,2 литри и 82 КС и овозможува полесно возење на отворен пат и исто така има ниска потрошувачка од само 4,3 литри во просек.

Секоја изведба на Peugeot 108 ја карактеризира пространа внатрешност и покрај минијатурните надворешни димензии. Багажникот брои одлични 243 литри, кои ќе ги задоволат и најпребирливите урбани возачи, додека низ внатрешноста има неколку практични прегради за одлагање ситници.

Заинтересираните за новиот Peugeot 108, за цените и нивоата на опрема можат да се информираат во салоните на Euroimpex Peugeot.


Peugeot 108
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил