Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Безбедност > Volvo претстави нов концепт на детско седиште
 
Spodeli
04 July 2015, 18:30


Volvo претстави нов концепт на детско седиште  Volvo претстави нов концепт на детско седиште
Како бренд што традиционално се грижи за безбедноста во возењето, Volvo претстави уште еден од серијата производи за зголемување на удобноста и сигурноста при патувањето, кој овој пат се однесува на најважниот член на семејството...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Volvo неодамна го претстави новиот концепт на детско седиште со официјално име Excellence Child Seat.

Накратко, ова седиште може да се ротира кон назад и да се заклучи во таа позиција. Покрај тоа, седиштето е опремено со странични прегради за чување на разни нешта, а под него се наоѓа поголема „фиока“ на извлекување. Инаку, Volvo го произвел првото детско седиште кое се поставува наназад уште во 1964-та година.

Освен тоа, Швеѓаните препорачуваат дека до својата трета или четврта година децата треба да се возат свртени со грбот кон правецот на движење, поради непропорционалната големина и тежина на главата и поради неразвиените мускули на вратот.

Конечно, да додадеме дека во Volvo сметаат дека ваквиот тип на седишта, односно алтернативните конфигурации на седење во автомобилите, ќе станат важна компонента во блиска иднина бидејќи вниманието на автомобилската индустрија се' повеќе ќе се насочува кон автономните возила.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил