Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ       ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Прашања и одговори > Може ли да се користи плин во дизел мотор?
 
Spodeli
03 July 2015, 20:28


Може ли да се користи плин во дизел мотор?  Може ли да се користи плин во дизел мотор?
Прашање од читател: Неодамна слушнав дека е можно да се вгради плин кај дизел мотор, така што автомобилот ќе продолжи да вози на дизел, а ќе троши околу литар плин на 100 километри...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Прашање: Неодамна слушнав дека е можно да се вгради плин кај дизел мотор, така што автомобилот ќе продолжи да вози на дизел, а ќе троши околу литар плин на 100 километри. Наводно тоа го зголемувало вртежниот момент и ја намалувало потрошувачката на дизел гориво при ниски вртежи. Дали е ова можно и за што поконкретно станува збор?

Даниел К.

Одговор: Дизел моторот во првиот такт вшмукува само воздух, кој во вториот такт се компримира на 30-35 бари (ако моторот е во добра состојба). Притоа се загрева на 650-700 °C и кога на крајот на вториот такт во него ќе се инјектира дизел гориво, тоа самото се пали.

Системот за кој прашувате е Diesel LPG, значи дизел мотор со два типа на гориво - во цевката за вшмукување се внесува плин, во количина од 30 проценти, а потоа се вбризгува 70 отсто стандардна количина на дизел гориво, што претставува основа на заштедата.

Така, во вториот такт се компримира мешавина од воздух и LPG, наместо само воздух, каков што е случајот кај обичните дизел мотори. Кога во таквата смеса ќе се инјектира дизел гориво, доаѓа до поефикасно согорување, а на тој начин максималната моќност се остварува со пониска брзина на вртење, при која вртежниот момент се зголемува за околу 20 проценти.

Поентата е во тоа што таму каде обично се вози „со полн гас“, со плин се вози со „половина гас“ и вкупните трошоци за гориво се намалуваат за 10 до 25 проценти. Инаку, цената на овој систем се исплати по минати 40.000 до 70.000 километри.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Прашања и одговори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил