Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Мотори > Ford 1.0 EcoBoost повторно прогласен за мотор на годината
 
Spodeli
26 June 2015, 00:55


Ford 1.0 EcoBoost повторно прогласен за мотор на годината  Ford 1.0 EcoBoost повторно прогласен за мотор на годината
Во последните четири години ова е веќе осмо признание за 1.0 EcoBoost, а по четврти пат последователно агрегатот победува во категоријата на мотори со капацитет до еден литар...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Иновативниот агрегат на Ford, 1.0 EcoBoost, кој пред се' импресионира со своите перформанси и ниската потрошувачка на гориво, е прогласен за „Мотор на 2015-та година“ во рамки на 17-от меѓународен избор за мотор на годината, кој неодамна се одржа во Штутгарт.

Во последните четири години ова е веќе осмо признание за 1.0 EcoBoost, а по четврти пат последователно агрегатот победува во категоријата на мотори со капацитет до еден литар. Овој пат е прогласен за најдобар врз основа на неколку критериуми: перформанси, економичност, емисија на штетни гасови, леснотија на управување и технологија. За наградата одлучуваше интернационално жири составено од 87 новинари за автомобилизам од 35 земји.

Инаку, овој агрегат се вградува во 10 модели на Ford кои се достапни на европскиот пазар. Во текот на изминатата година, секој петти автомобил со знакот на познатиот американски производител, на европските купувачи им е испорачан токму со 1.0 EcoBoost моторот. Тој е особено популарен кај купувачите на Ford Fiesta - се наоѓа во два од секои пет вакви модели произведени во 2014-та година.

1.0 EcoBoost е достапен во верзии со 100 КС, 125 КС и 140 КС, а семејството на EcoBoost мотори од Ford во глобални рамки вклучува и агрегати со зафатнина од: 1.5, 1.6, 2.0 и 2.3 литри, како и 2.7 и 3.5 V6 мотори.

„Моторот 1.0 EcoBoost ги смени правилата на игра во сегментот на мали бензински агрегати, а ние сме особено горди на фактот дека тој остана најдобар во класата и покрај се' поголемата конкуренција“, изјави Џо Бакај, потпретседател за развој на производи на Ford во Европа.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Мотори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил