Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Новиот Toyota Prius пристигнува наскоро
 
Spodeli
25 June 2015, 21:36


Новиот Toyota Prius пристигнува наскоро Toyota Prius Hybrid Новиот Toyota Prius пристигнува наскоро
Според производителот, благодарение на значајните измени во дизајнот, новата, четврта по ред генерација, ќе изгледа многу подобро од својот претходник...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Шефот на Toyotа за Северна Америка, Џим Ленц, во своето најново интервју откри неколку детали за новата генерација на хибридниот модел Prius, а како најважна би можела да се потенцира информацијата дека доаѓањето на пазарот би требало да се очекува многу наскоро.

Ленц изјави дека благодарение на значајните измени во дизајнот, новата, четврта по ред генерација, ќе изгледа многу подобро од својот претходник, а на возачите ќе им понуди значително повисоко ниво на контрола поради пониското тежиште на возилото. За тоа ќе биде заслужна и новата TNGA (Toyota New Global Architecture) платформа, а позитивни промени може да се очекуваат и во однос на дополнително подобрување на економичноста на овој модел.

Новиот Prius, со кодно име 690A, требаше да биде претставен оваа пролет, но Toyota одлучи да ја одложи премиерата поради тоа што производителот не беше задоволен од конечниот изглед. Сега сите недостатоци се коригирани и наводно возилото е подготвено за купувачите, на кои, во зависност од пазарот, ќе им бидат понудени изведби со никел метал хибрид односно литиум - јонски батерии.

Покрај тоа, во понудата би требало да се најде и верзија со погон на сите четири тркала, а според тековните информации, вкупната тежина на возилото е намалена за 20%.

Што се однесува до plug-in хибридната изведба на моделот Prius, нејзиното производство ќе престане на крајот од месецов, а наследникот ќе пристигне во втората половина на следната година.


Toyota Prius Hybrid
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил