Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Bosch има нови возила за тестирање на системите за автономно управување
 
Spodeli
06 June 2015, 21:50


Bosch има нови возила за тестирање на системите за автономно управување Tesla Model S Bosch има нови возила за тестирање на системите за автономно управување
Tesla Model S автомобили од неодамна се приклучија на возниот парк на технолошката компанија...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Обично е доста лесно да се забележи тест возило, а тоа се должи на фактот што ваквите автомобили се опремени со најразлични уреди за мерење, сензори и инструменти. Но, тоа не е случај со новите Tesla Model S автомобили кои од неодамна се приклучија на возниот парк на компанијата Bosch.

Овие тест возила им помагаат на инженерите да ги подобрат системите за автономно управување. Но, она што ги прави посебни е токму тоа што на прв поглед не се разликуваат од сериските модели.

„Bosch развива системи за автономно управување кои се наменети за сите видови на сериски возила“, вели д-р Дирк Хохејсел, член на одборот на компанијата.

Новите тест возила се доказ за напредокот кој Bosch го има направено во процесот на интеграција на потребните системи и компоненти.

За да се подготват тест автомобилите за автономно возење, прво треба да се надградат. Во секој автомобил инсталирани се околу педесет нови Bosch делови и компоненти. На пример, дел од нив е и видео камерата со стерео систем (SVC) со која возилото ги препознава коловозните ленти, сообраќајните знаци и празните паркинг места. SVC системот од Boch во моментов е најмалата стерео камера за користење во моторни возила, која може да се најде на пазарот. Се одликува со компактен дизајн и овозможува лесна интеграција во возилото. Покрај камерата, во секој автомобил се поставени кабли во должина од 1.300 метри.

Високо автоматизираните возила мора да бидат безбедни за возење дури и во случај на дефект на било кој дел. Единствениот начин за да се постигне таква сигурност е осмислена стратегија, која вклучува ослободување од клучните безбедносни системи, како сопирањето и управувањето. На пример, двете возила се опремени со електромеханички засилувач на кочењето - iBooster и EPS систем за контрола на сопирачките. Овие делови може да го сопрат автомобилот независно еден од друг, без потреба од интервенција на возачот. Резервни системи се исто така достапни и за напојување на клучните електронски уреди за контрола на двете тест возила.

Од 2011-та година, Bosch има две екипи, на два континента, кои работат на развој на автономното возење. Во Германија, инженерите работат на интеграција на системите. Нивните колеги во Пало Алто во Силиконската долина во Калифорнија се задолжени за унапредување на функциите. Двата тима се поддржани од околу 2.000 инженери ширум светот кој секојдневно работат за да се подобри процесот на самостојно управување. Со цел на тимовите да им се олесни споделувањето на добиените резултати, Bosch користи идентични тест возила.

Хохејсел во една прилика, се обиде да појасни зошто Bosch како тест возила ги користи токму електричните автомобили Model S, кои ги произведува американската компанија Tesla:

„Тие комбинираат два тренда актуелни во авто индустријата: електрификација и автоматизација. Ова е посебен предизвик, но предизвик кој Bosch го посакува“.

Компанијата Bosch почна да го испитува автономното возење по јавните патишта, уште на почетокот од 2013-та година. Досега употребата на тест возила беше сведена на BMW 325d Touring.

Инженерите на Bosch, со автономно управување досега успешно имаат преминато пат од неколку илјади километри. Тест возењата најчесто се спроведуваат во близина на Штутгарт и во Калифорнија. Иако технологијата во возилата е креирана да може да се справи и со најсложени ситуации, возачите сепак имаат поминато посебна обука.


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил