Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Tesla Model S P85D - двапати помоќен од стандардната верзија
 
Spodeli
26 May 2015, 19:29


Tesla Model S P85D - двапати помоќен од стандардната верзија  Tesla Model S P85D - двапати помоќен од стандардната верзија
Станува збор за спортска изведба на познатиот електричен автомобил, но освен што е подобар, овој модел е и поскап...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Tesla Model S P85D чини 130.000 долари, што е речиси двојно повеќе од цената на основниот Model S која изнесува 70.000 долари.

Внатрешноста на автомобилот е значително надградена во однос на стандардниот модел. Особено се забележливи новите седишта за патниците, а седумнаесет инчниот дисплеј и натаму е „мозокот“ на автомобилот. Познавачите кои веќе имале можност да го тестираат овој модел имаат забелешка за пластичните компоненти кои се користат во возилото а кои, според нив, во автомобил со цена од 130.000 долари морале да бидат заменети со поквалитетни материјали.

Како што е карактеристично за Tеsla, Model S P85D обединува широка лепеза на иновативни технологии. Покрај поголемата прегледност која е овозможена, технологијата овозможува и поедноставно управување со автомобилот. Системот за контрола на брзината е способен да ја идентификува брзината на возилото пред него и да ја изедначи со онаа на Model S P85D, притоа оставајќи доволно простор помеѓу двата автомобила. Системите на овој модел можат и да ги детектираат ограничувањата на брзината на патиштата, а брзината регистрирана на последниот сообраќаен знак останува на командната табла како потсетување за возачот.

Во оваа верзија се' уште не е воведена можноста за автоматско позиционирање на возилото на средина од лентата. Сепак, ваквата опција ќе биде достапна со следната надградба на софтверот која се очекува ова лето. Постојат најави дека цената од 130.000 долари можно е да опаѓа, поради тоа што компанијата во моментов работи на усовршување на батериите што би овозможило поголем капацитет, но и подолготрајно користење пред замената.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил