Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > До 2025-та автономните возила ќе „збришат“ милиони работни места
 
Spodeli
16 May 2015, 00:18


До 2025-та автономните возила ќе „збришат“ милиони работни места  До 2025-та автономните возила ќе „збришат“ милиони работни места
Познавачите на околностите сметаат дека потрошувачите бавно ќе се насочуваат кон купување на самоуправувачки автомобили и иако ова може да се смета како релевантна теорија, сепак е грешно да се претпостави дека тоа ќе го попречи процесот на промена...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Повеќето луѓе, вклучувајќи ги и експертите, сметаат дека процесот на транзиција кон самоуправувачки возила ќе се случи полека, во текот на следните неколку децении и дека притоа ќе се јавуваат големи пречки за широко прифаќање на ваквите автомобили. Меѓутоа, на другата страна, иако помалобројни, се оние кои сметаат дека ваквата проценка е сосема неточна. Според нив, автономните возила ќе станат секојдневна работа веќе во 2025-та година и ќе имаат речиси монополска позиција до 2030-та, а радикалните промени кои тие ќе ги донесат ќе ги надминат сите други иновации со кои се соочило човештвото. Ова ќе значи и загуба на работни позиции и ќе биде повод за целосно преструктуирање на светската економија, но исто така ќе повлече и решавање на голем дел од еколошките проблеми, ќе спречи десетици илјади смртни случаи на годишно ниво, ќе заштеди милиони часови кои ќе можат да се искористат за зголемена продуктивност и ќе создаде можност за појава на нови индустрии кои не ни може да ги замислиме од нашата сегашна перспектива.

Транзицијата веќе почна да се случува. Илон Маск, извршниот директор на Tesla Motors, изјави дека нивните модели за 2015-та година ќе бидат во можност самостојно да управуваат во 90% од времето. Големите производители на автомобили исто така не заостануваат зад ваквите прогнози. Од General Motors истакнуваат дека нивниот Cadillac за 2017-та година ќе располага со технологија која ќе има контрола над управувачот, забрзувањето и кочењето на автопат при брзини од 110 km/h, но исто така и при старт-стоп возење во пренатрупаниот градски сообраќај. Од Google и Tesla предвидуваат дека целосно автономните возила, кои Маск ги опишува како автомобили во кои луѓето влегуваат, отспиваат една партија и се будат на друга дестинација, ќе бидат достапни за клиентите во 2020-та година.

Како ќе се „расплетува“ процесот

Познавачите на околностите сметаат дека потрошувачите бавно ќе се насочуваат кон купување на самоуправувачки автомобили и иако ова може да се смета како релевантна теорија, сепак е грешно да се претпостави дека тоа ќе го попречи процесот на промена. Според едно неодамнешно истражување, луѓето во САД ги користат своите автомобили само 4% од годината, што е неверојатен трошок со оглед на тоа дека просечната цена за поседување автомобил во Америка е речиси 9.000 долари годишно. Веднаш после куќата, автомобилот е вториот најскап посед што луѓето го купуваат, па затоа не е за изненадување тоа што новите услуги за споделување на автомобили како на пример Zipcar, брзо стекнуваат популарност меѓу Американците.

Во моментов, за тамошните жители во урбаните средини е поекономично да користат услуги за споделување на возило отколку да поседуваат сопствен автомобил. Едно друго истражување покажува дека доколку им се укаже можност, Американците веднаш би се согласиле да користат автономно возило. Дури 60% од испитаниците изјавиле дека веднаш би се согласиле да се возат во автономен автомобил, а речиси 32% рекле дека нема да продолжат со возење доколку имаат автономно возило на располагање. Се разбира, на ваквите одговори најмногу им се радува Тревис Каланик - извршен директор на Uber (уште еден сервис за изнајмување на автомобили), кој неодамна истакна дека неговата компанија во иднина ќе ги замени сите свои автомобили со автономни возила.

Една студија на Универзитетот Колумбија посочува дека со флота од 9.000 автономни автомобили, Uber ќе може да ја замени целата такси мрежа во Њујорк, при што патниците за возење би чекале во просек по 36 секунди, а би плаќале сума од 0,50 долари за една милја. Ваквата практичност и ниската цена би ги направиле конвенционалните автомобили неекономични, а автономните такси возила на повик брзо би станале доминантна форма на транспорт.

Последици

Радикалните иновации не се премногу љубезни кон постоечките компании во областа. Слично како Blockbuster и Polaroid, малку е веројатно дека големите производители на автомобили како General Motors, Ford и Toyota ќе ја преживеат промената. Тие се насочени кон тоа да произведуваат милиони автомобили во голем број на различни модели за да ги задоволат индивидуалните вкусови на конечните потрошувачи и немаат толкава еластичност за да се соочат со драматичниот пад во продажбата, кој би го доживеале со појавата на автономните возила. Во таква ситуација, реално е да се очекува дека повеќето од нив би доживеале банкрот до 2030-та година, а приматот би го преземале компании како Tesla кои своите автономни модели, во голем број на стандардизирани примероци, би им ги нуделе на сервиси и платформи како Uber.

Меѓутоа, треба да се сфати дека целиот овој процес навестува промени од многу пошироки размери. Автономното управување нема да се ограничи само на индивидуален транспорт, напротив, тоа ќе се продлабочи и во други сфери па така ќе имаме автономни автобуси, камиони за транспорт и багери кои би можеле да ја неутрализираат потребата од професионални возачи, но и од индустриите за поддршка кои ги опкружуваат.

Според американското биро за статистики, 915.000 луѓе се вработени во секторот за производство на моторни возила и резервни делови. Возачите на камиони, автобуси и таксистите во моментов држат околу 6 милиони работни позиции. Сите овие работни места би можеле да бидат елиминирани во следните 10 до 15 години.

Но и покрај загубата на работни места и уништувањето на индустрии, елиминирањето на потребата за поседување на автомобил ќе доведе до креирање на расположлив приход од речиси 1 милијарда долари, со што американскиот пазар ќе влезе во една нова ера на ефикасност, иновација и креирање на работни места.

Поглед кон иднината

Според истражувањата кои се вршат во САД, користењето на автономни возила ќе придонесе за намалување на сообраќајните несреќи за цели 90% со што, на годишно ниво, ќе се спасат скоро 30.000 животи и ќе се спречат дури 2,12 милиони потенцијални повреди. Автономните возила нема да се паркираат, а според сегашните статистики автомобилите кои бараат слободни паркинг места чинат неверојатни 30% од градскиот сообраќај. Нема да постојат гужви во сообраќајот па така секој патник во САД ќе заштедува по 38 часа во текот на годината - речиси цела работна недела. Паркиралиштата и гаражите, плацовите на автомобилските застапништва, автобуските постојки веќе нема да бидат од корист, па така ќе се ослободат милиони квадратни метри на кои ќе се градат недвижности со што уште повеќе ќе се забрза развојот на метрополите.

Влијанието на автономните возила врз животната средина има потенцијал да го неутрализира глобалното затоплување и драстично да ја намали зависноста од фосилни горива. Многу е веројатно дека повеќето автономни модели ќе бидат електрични, па тоа ќе доведе до заштеда на 134 милијарди галони бензин што секоја година се трошат во САД.

Но можеби најинтересната промена која ќе ја донесат автономните возила е појавата на нови иновации, откритија, како и создавањето на наполно нови индустрии кои се' уште не може ниту да ги замислиме.

Возбудливо ќе е да се биде жив, зарем не?





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил