Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > Audi, премиум бренд? Или само поскап Volkswagen!
 
Spodeli
07 May 2015, 13:12


Audi, премиум бренд? Или само поскап Volkswagen!  Audi, премиум бренд? Или само поскап Volkswagen!
Што прави еден бренд навистина премиум? Всушност, дали воопшто постои премиум како категорија? ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На пивото кое го имам сега до мене и кое чини 35 денари, пишува дека е премиум пиво. ПРЕМИУМ! Дали живеам луксузен живот? Или пак маркетинг дивизијата на пиварата сака да поверуваме дека евтиното пиво е премиум производ? Видете. Целосно сум задоволен од пивото и од неговиот вкус, но не се чувствувам дека пијам премиум производ. Лименката е најобична, изработена од алиминиум, со дизајн кој го гледам на секој трет билборд во земјава. Пијам пиво кое го пијат сите пријатели околу мене, што значи дека не сум различен. Ама пак, пивото е премиум. Така си пишува.

Секој ден се сретнуваме со многу такви производи, кои се продаваат низ големите маркети и кои тврдат дека се премиум производ. Дали тоа ги прави навистина подобри од оние каде не го пишува тоа, не можам да кажам бидејќи уште не сум пуштил машина за перење во мојот живот (премиум прашоци за перење!), но интересно е што скоро и да нема такви кои не го тврдат тоа. Сите се ПРЕМИУМ! 

Што ме носи до Audi и Volkswagen. И едните и другите се под иста капа, и едните и другите тврдат дека се премиум брендови. Сега, нормално, од Volkswagen групацијата ќе ни кажат дека Audi е повеќе премиум од Volkswagen, односно дека едниот е скап, а другиот евтин премиум производ. Иако во глобала се работи за истите автомобили, кои лежат на иста платформа, со истите мотори под хаубата.

Особено ми е интересен пристапот на Audi и нивната желба да се докажат пред BMW и Mercedes - Benz. Не очекувајте да кажам дека Audi прави лоши автомобили. Напротив. Имаат исклучително квалитетна внатрешност и одлична изработка, имаат висок квалитет во возењето, кој вклучува високо ниво на рафинираност и задоволителна динамика. Но, немаат нешто што може реално да ги издвои од конкуренцијата. Audi се секогаш измеѓу. Секогаш се малку поудобни од BMW и малку потврди од Mercedes - Benz. Ги бараат купувачите кои реално не можат да се одлучат меѓу „вистинските“ два германски премиум брендови.



И нема никаква посебна сатисфакција во начинот на кој возат. Стабилни се, управливи, но има нешто што недостасува. Да возам со врзани очи BMW Серија 3, веднаш ќе знам дека се работи за BMW Серија 3. Вози препознатливо. Да влезам со врзани очи во Audi A4, може и да го згрешам со Passat. Или пак со Skoda Superb. Не, сериозно, освен повисокото ниво на рафинираност и доработките од страна на инженерите од Audi, останатото, како платформата и моторите се исти.

Еве, Seat пред неколку години го лансираше Exeo. Ребрендирање на Audi A4 од претходната генерација, да потсетам. До последното штрафче. Само за неколку илјадници евра пониска цена. И дали и Seat е премиум сега? Сигурен сум дека Volkswagen нема да се сложи со тоа. И кога ќе размислам, како тоа веднаш се стигна до толку ниска цена кај тој модел, кога компонентите се исти како на автомобилот што 6 месеци пред тоа се продаваше како премиум модел?

Но, да се навратам на тоа што е и што не е премиум. За мене лично, премиум е автомобил кој ќе направи да се чувствувате различно кога ќе влезете во него и особено кога ќе го провозите. Можеби ентериерите на Audi се извонредни, но навистина, нема ништо посебно во нив кога ќе почнете да ги возите. И тука зборувам за подостапните модели, а не RS верзиите или пак Audi R8. Од друга страна една обична BMW 320d може да направи да се чувствувате дека возите нешто што нема да можете да го искусите во ниту еден друг автомобил. Или пак тоа нека е Mercedes C220, односно Lexus IS300h. Овие автомобили имаат возење со потпис. Почнувате да возите и знаете за кој автомобил се работи. Знаете дека под кожата нема некој Passat.

Знам дека веќе предизвикав многу бурни реакции кај дел од Вас, а Ве има многу, но ајде уште ова. Што правиме со дизајните? Да, еден бренд треба да е препознатлив, ама моделите на Audi почнаа премногу да личат еден на друг. ПРЕМНОГУ. Дури и моето истренирано око има проблем понекогаш да ги препознае. И сигурен сум дека оној што вози Audi A6 не сака да му го мешаат со A4. Дали би ги збуниле Mercedes - Benz C и E Class така?

Сето ова ме враќа на пивото, кое штотуку го довршив. Беше добро, но не беше премиум. Беше нешто очекувано, нешто што со мали разлики можев да го добијам и кај пивото со слична цена на главниот конкурент. Беше Volkswagen Passat. А за да стане Audi A4 му фали само златна лименка и цена од 65 денари. Не и промена на самото пиво, секако.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
 
 






Одберете нов автомобил