Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Tesla го претстави Powerwall - куќен батериски состав
 
Spodeli
05 May 2015, 20:58


Tesla го претстави Powerwall - куќен батериски состав  Tesla го претстави Powerwall - куќен батериски состав
Tesla го претстави куќниот батериски систем Powerwall кој ќе се напојува преку соларни панели, а чија основна цел е снабдување на домаќинствата со енергија...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Станува збор за систем каде што литиум - јонските батерии се приклучени на ѕид со димензии 86 x 130 x 18 cm кој тежи 100 килограми. Системот може да се постави во затворен и отворен простор и е компатибилен со еднофазни и трoфазни мрежи.

На купувачите ќе им бидат понудени две верзии со капацитет од 7 и 10 kWh, а двете ќе нудат постојана моќност од 2 kW и максимална од 3,3 kW. Исто така вреди да се спомене дека стандардната гаранција е со времетраење од десет години, а постои можност да се добијат и дополнителни десет.

Од Tesla информираат дека во едно домаќинство ќе може да се вградат и повеќе од овие системи, првите испораки ќе започнат летово, а книгата за нарачки е веќе отворена. Системот со капацитет од 7 kWh ќе чини 3.000 долари, додека пак оној од 10 kWh ќе има цена од околу 3.500 долари, без трошоци за инсталација.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил