Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Mercedes планира конкурент на Audi TT
 
Spodeli
04 May 2015, 21:45


Mercedes планира конкурент на Audi TT  Mercedes планира конкурент на Audi TT
Mercedes работи на купе со 2+2 конфигурација, со стил кој е инспириран од изгледот на AMG GT...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со зголемувањето на популарноста на модуларните платформи во автомобилската индустрија, рапидно се зголемува и бројот на модели кои навидум изгледаат поинаку, но под каросеријата споделуваат многу заеднички компоненти. Еден таков пример е линијата на компактни модели од Mercedes-Benz која ги вклучува A-Class, CLA седан и GLA кросовер. Она што на германскиот производител му недостига во сегментот на мали автомобили се купе и кабриолет модели, но тоа наскоро може да се промени.

Имено, Mercedes работи на купе со 2+2 конфигурација, со стил кој е инспириран од изгледот на AMG GT. Новиот модел со две врати на патиштата би можел да се види во 2019-та година, а како негови ривали од „домашната сцена“ се посочуваат Audi TT и BMW Серија 2. Малку подоцна ќе следи и кабриолет верзија.

Новитетот ќе има погон на предните тркала и ќе биде во можност да се адаптира и на хибриден погон. Она што е прилично сигурно е дека купе и кабриолет моделите ќе располагаат со подобрена шасија.

Се разбира, ниту еден модел на Mercedes не е комплетен без AMG верзија, така што може да се очекува и ваква изведба. Во однос на моторизацијата, во моментов најсигурен погодок би бил познатиот 2,0-литарски, четири цилиндричен агрегат со 400 КС.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил