Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Интервју > Интервју: Jürgen Gagstatter, главен инженер за спортски автомобили на Ford Europe
 
Spodeli
04 May 2015, 19:37


Интервју: Jürgen Gagstatter, главен инженер за спортски автомобили на Ford Europe Ford Focus ST Интервју: Jürgen Gagstatter, главен инженер за спортски автомобили на Ford Europe
Како што веројатно веќе сте запознаени, имавме можност да го повозиме новиот Focus ST на специјална промоција во Германија. За време на престојот во Келн, имавме и несекојдневна можност да поразговараме со Jürgen Gagstatter, главниот инженер за спортската програма на Ford Europe...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Господинот Gagstatter е исклучително посветен и многу поважно, вистински вљубеник во спортските автомобили – слободното време го користи за возење во туринг трки во Германија, токму со Focus ST. Заслужен е за развојот на многу модели од ST програмата на Ford, како Mondeo ST 200, Focus ST и Fiesta ST, како и на супер моќниот Focus RS. Интервјуто ни даде можност да се запознаеме со различниот начин на кој Ford ги дизајнира и конструира своите спортски автомобили за европскиот пазар, со забавата во возењето и чувството зад воланот како најважни фактори.

 

Што е главниот фактор во конструирањето на нов ST автомобил?

ST серијата се автомобили со повисоки перформанси од тие на стандардните автомобили, но и со многу поголема инволвираност на возачот и поспортско чувство зад воланот. За возачите на ваквите автомобили, според нас поважно е тоа како тие ќе се чувствуваат додека седат зад воланот, отколку да имаат автомобил кој ќе биде за две десетинки побрз до стотка од главните конкуренти, односно со неколку km/h повисока максимална брзина. Секако, перформансите се тука, но не на сметка на одличното чувство во возењето.
 

Focus ST е исклучително агилен и динамичен како за автомобил со преден погон. Како е постигнато тоа? 

Големо внимание е посветено на тјунирањето на предната и задната оска, како и суспензијата. Веројатно забележавте, суспензијата позади е малку помека, со цел задниот дел да може да игра малку повеќе и со тоа да направи предниот крај полесно да влегува во свиоците. Ова ја елиминира подуправливоста и дозволува многу полесно играње со автомобилот. И секако позабавно чувство зад воланот. Исто така, големо внимание е посветено на ESC системот, кој сега има и Torque Vectoring функција, која помага во полесното влегување во тесните свиоци.
 

 

Ford Focus ST со дизел мотор и во караван верзија?

Самата идеја на ST серијата е да се добие целосната функционалност на Fiesta и Focus, во поспортска и позабавна верзија. Дизел моторот одлично прилега кај еден ваков автомобил, бидејќи нуди солидни перформанси и многу пониски патни трошоци, а оној што се вградува во Focus ST има специјални подобрувања, како би се доловило чувството на спортски агрегат. Караван верзијата на Focus ST само ја зголемува функционалноста, без губење на возливоста и перформансите. 
 

Ќе дочекаме ли нов Mondeo ST?

Доколку пазарот побара таков автомобил, секогаш има можност за развој во тој правец. Засега, можноста за нов Mondeo ST се разгледува.
 
 

Новиот Focus RS има „само“ 320 КС, помалку од главните конкуренти, како Mercedes – Benz A Class AMG и Audi RS3…

Спомнав и погоре, насоката во која се развиваат спортските автомобили на Ford во Европа, не е да бидат најбрзи или да имаат најдобри бројки на хартија. Focus RS е автомобил кој е конструиран да понуди високи перформанси, но и исклучителен баланс на шасијата, благодарение на специјалниот погон на сите тркала. И секако високо задоволство во возењето. Мое мислење е дека со новиот модел имаме токму таков автомобил и сум сигурен дека ќе им се допадне на купувачите.
 

Можеме да очекуваме помоќна верзија на RS?

Погонот на сите тркала отвора нови можности и секако дека шасијата сега може да поднесе многу повеќе сила на подлогата. Но, засега немаме ништо дефинитивно...
 
 

Иако не е развиен од Ford Europe, што да очекуваме од новиот Ford GT?

GT е автомобил со кој сакаме да покажеме дека можеме да се натпреваруваме со големите, како Ferrari, Porsche и Lamborghini, но и со кој ќе оддадеме чест на GT 40 и спортската историја на Ford. Се работи за автомобил кој ќе биде најбрз во понудата на Ford, но и најбрзо развиениот супер автомобил, воопшто. Исто така, ќе биде преполн со висока технологија. Возбудени сме што го имаме во гамата и сметаме дека ќе го раздрма автомобилскиот свет.

Ford Focus ST
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Интервју



 
 
 
 






Одберете нов автомобил