Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1        WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Македонија > Повторно ќе може да се вади зелен картон со важност од неколку месеци
 
Spodeli
28 April 2015, 18:10


Повторно ќе може да се вади зелен картон со важност од неколку месеци  Повторно ќе може да се вади зелен картон со важност од неколку месеци
Наместо со важност од една година, зелен картон ќе може да се вади и со пократок рок на траење...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Според информациите што се појавија, ова прашање македонската влада го разгледувала на седница што се одржала пред неколку дена.

Наводно, во наредниот период министерството за финансии ќе треба да направи комплетна анализа со која ќе се разгледа можноста зелениот картон да важи и на пократок рок.

За ваквата опција свој став би требало да дадат и осигурителните компании, а шпекулациите одат во таа насока дека некои од нив се веќе информирани за намерите на владата.

Со измените што беа направени пред неколку години, зелен картон може да се извади само за цела година.

Претходно, до 2011-та година, цената на зелениот картон зависеше од видот на возилото и од периодот на покритие. Зелен картон можеше да се добие за период од 1, 3 или 6 месеци, а секако, постоеше опција и за годишна зелена карта.

Сега владата повторно размислува да го врати назад старото законско решение, така што зелен картон ќе може да се вади и со важност од неколку месеци.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил