Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > C Coupe GTE- премиум купе – седан во понудата на Volkswagen!
 
Spodeli
20 April 2015, 12:49


C Coupe GTE- премиум купе – седан во понудата на Volkswagen! Volkswagen CC C Coupe GTE- премиум купе – седан во понудата на Volkswagen!
Саемот за автомобили во Шангај секоја година донесува се подобри и подобри концепти, кои го даваат правецот во кој ќе се развиваат новите автомобили на компаниите. C Coupe GTE треба да го направи токму тоа и да го лансира Volkswagen во премиум сегментот од средно – високата класа...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Се работи за купе – седан изведба, исто како Passat CC, но со поголеми димензии, блиски до класата каде владеат Audi A6, BMW 5 и Mercedes E Class. Лежи на MQB платформата на Volkswagen групацијата, која ја делат скоро сите модели на Audi, VW, Skoda и Seat, а има ниска и долга силуета, која делува спортски и елегантно и која не само што најавува нов модел, туку дава и насока како ќе се движи дизајнот на новите модели на Volkswagen.

Во внатрешноста има кралски комфор за четири патници и футуристички, но чист и приземјен дизајн, кој малку наликува на оној на новиот Passat, но со многу поегзотични материјали. Луксузната внатрешност вклучува и висока технологија, како што е Infotainment системот, кој е поврзан меѓу возачот и патниците на задните седишта и овозможува закажаните состаноци на патникот позади, да се прикажат на екранот напред и да ги внесат во навигацијата, за „шоферот“ да се снајде полесно.
 
 
Како скоро секој концепт денес, и C Coupe GTE е опремен со хибриден погон со турбо бензинец и електричен мотор со вкупна сила од 242 КС. Батериите имаат капацитет од 14,1 KW и можат да се наполнат однадвор, за возење само на струја до 50 km и брзини до 130 km/h. Перформансите се мошне солидни – забрзувањето до стотка трае 8,6 секунди, додека потрошувачката, нормално со наполнети батерии, изнесува 2,8 литри на 100 km. Автономијата е 1.100 km. Импресивно.
 
 
Според најавите, C Coupe GTE би требал да биде лансиран прво на пазарот во Кина, но според нашето досегашно искуство со Volkswagen, скоро сигурно ќе го видиме и во Европа.

Volkswagen CC
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил