Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Супер автомобили > Најдоброто од Јапонија досега – Lexus LF-A
 
Spodeli
23 October 2009, 17:23


Најдоброто од Јапонија досега – Lexus LF-A Lexus * LF-A Најдоброто од Јапонија досега – Lexus LF-A
Видовме многу концепти, видовме многу замаскирани модели, многу видеа од тестирања по патеките низ светот. И тоа само за еден модел – Lexus LF-A, првиот вистински јапонски супер автомобил....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Можеби некои ќе го оспорат тоа, но цената од 368.000 евра и ограниченото производство на само 500 примероци, најдобро кажуваат за каков автомобил се работи. A Lexus дури и ќе биде во загуба со овој модел. Но, тоа нас и не ни е важно...
 
Развојот на овој модел, почна заедно со влезот на Toyota во F1 првенството. Тогаш, болидите користеа V10 мотори, па таков и се вградува во Lexus LF-A. Од 4,8 литарска зафатнина, извлечени се 560 КС при 8.700 вртежи во минута и вртежен момент од 480 Nm при 6.800 вртежи во минута. За да се долови правиот F1 ефект, црвеното поле почнува на 9.000 вртежи. Менувачот е секвенцијален со шест степени на пренос, а менувањето на брзини се одвива за само 0.2 секунди.
 
Исто како и кај F1 болидот на Toyota, за изработката на каросеријата е користен исклучиво карбон фибер, кој овозможува извонредна цврстина на телото и многу ниска маса. Lexus LF-A тежи само 1.480 kg, но купувачот може да одбере да се извади дел од сериската опрема, како на пример аудио системот, за дополнително да се намали масата... Изработката ќе биде целосно рачна, додека моторот ќе го склопува само еден инженер, чие име потоа ќе стои отпечатено на него. Купувачите ќе можат да изберат и од 30 различни бои за надворешноста и различни материјали и бои за ентериерот.
 
Моторот, како кај прав спортски автомобил, е сместен напред средишно, додека менувачот и ладилниците се во задниот дел (transaxle концепт). Ова овозможува идеален распоред на масата, од 48:52 (напред:назад) и одличен баланс во возењето. Многу е работено и на аеродинамиката, па и покрај одличниот резултат за отпор на воздухот од само 0.31 Cd, Јапонците ветуваат дека LF-A е еден од автомобилите со најголем downforce на пазарот, со помош на кој овој Lexus ќе се лепи на подлогата дури и на највисоките брзини.
 
А според податоците, максималната ќе изнесува 325 km/h, додека забрзувањето до стотка ќе трае 3,7 секунди. За сопирањето ќе се грижат специјално развиените керамички кочници, кои, веќе погодувате, се исти како што се користат во Formula 1.
 
Но, Јапонците, како никогаш досега, не се фалат само со бројките. Овој пат тие најмногу зборуваат за уживањето во возењето, за единственото искуство, кое според нив може да го пружи само Lexus LF-A. Најдобро за тоа сведочи звукот на моторот, кој од сите автомобили што сме ги слушнале досега, е најблизок до F1 болидите.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Супер автомобили



 
 
 
 






Одберете нов автомобил