Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Илон Маск креираше добивка од речиси 1 милијарда долари само со еден твит
 
Spodeli
31 March 2015, 22:41


Илон Маск креираше добивка од речиси 1 милијарда долари само со еден твит  Илон Маск креираше добивка од речиси 1 милијарда долари само со еден твит
Доказ за сите „хејтери“ кои сакаат да го потценат влијанието и растот на социјалната мрежа Twitter...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Вчера светот доби најдобар показател за тоа колкава е моќта на неколку добро сврзани зборови, откако извршниот директор на Tesla и SpacеX, Илон Маск, со еден твит направи акциите на производителот на електрични автомобили да скокнат скоро за 4 отсто за само 10 минути - притоа додавајќи и' неверојатни 900 милиони долари на вредноста на компанијата, со текстуална порака од 115 карактери.

Се прашувате каква ли информација предизвикала толкаво внимание? Станува збор за твит во кој нема многу детали, но сепак предизвикува возбуда и исчекување кај фановите. Имено, со пораката, Маск најавува нова линија на производи на компанијата Tesla Motors.

Се разбира, твитот e упатен кон 1.860.000 следбеници кои Маск ги има на социјалната мрежа Twitter, но реакцијата која ја предизвика кратката порака е неверојатна. До објавувањето на овој текст, објавата на Маск беше споделена повеќе од 6.500 пати, им се допаѓаше на 5.000 негови следбеници и имаше иницирано илјадници коментари.

Не зачудува фактот што има голем број на шпекулации во врска со производот кој Tesla ќе гo промовира следниот месец. „Ако не е автомобил, тогаш што би можело да биде“, се прашуваат фановите? Најчестите претпоставки се дека компанијата ќе ги претстави долгоочекуваните батерии наменети за домови и претпријатија. Други, пак, сепак се надеваат на превозно средство и шпекулираат за електричен мотоцикл па дури и хеликоптер или авион. Неколку фанови прогнозираат (очигледно саркастично), дека Tesla ќе промовира вистински Ironman костум.

Без оглед на производот кој ќе биде претставен на 30-ти април, факт е дека Волстрит ја процени нeговата вредност на речиси една милијарда долари. Се разбира, секој поупатен инвеститор ќе ви каже дека вредноста на јавните акции е во мала корелација со реалната, основна вредност на бизнисот. Истата е повеќе одраз на емоциите и пазарниот моментум, две работи кои Маск успеа да ги разгори со својот вчерашен твит.

Како и да е, очигледно е дека извршниот директор на Tesla ја доби довербата на луѓето, што значи дека што и да „крие во ракавот“ на берзата ќе се смета за голем хит.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил