Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Низ фотографии: новитетите кај новото Fiat Doblo
 
Spodeli
30 March 2015, 17:30


Низ фотографии: новитетите кај новото Fiat Doblo Fiat Doblo Низ фотографии: новитетите кај новото Fiat Doblo
Fiat Doblo досега два пати ја доби наградата за „Ван“ на годината во Европа, што е особено голем доказ за неговата функционалност и употребливост и го направи своевиден бренд кај товарните и мултифункционални возила ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Целосно новиот модел донесува многу подобрувања, како обновени мотори, подобрено држење на патот, кое сега е многу поблизу до она на компактните автомобили, но и уште поголема функционалност и употребливост. Новитетите кај Doblo ви ги пренесуваме директно од европската презентација во Торино.

Fiat Doblo сега е достапно во три изведби: со кратко меѓуоскино растојание, со долго меѓуоскино растојание и со две висини на покрив, а нормално може да се избере и меѓу патничката и Cargo товарната верзија. Ова донесува многу нови можности за поширок дијапазон на купувачи.
 
 
Багажниот простор во најмалото Doblo изнесува рекордни 790 литри, заедно со низок раб на товарање, за лесно внесување и на најголемите и најтешки предмети. Со вадењето на задните седишта се добиваат 3.200 литри багажен простор, односно рекордни 4.000 литри кај моделот со долго меѓуоскино растојание.
 
 
Најновата мултимедијална технологија со екран на допир на Fiat, UCONNECT, со систем за навигација и Bluetooth поврзување, ќе се нуди и во новото Doblo.
 
 
Широката понуда на каросериски изведби е надополнета и со богата понуда на мотори, која вклучува 1,4 литарски атмосферски бензинец со 95 КС, 1,4 T-Jet турбо бензинец со 120 КС, кој доаѓа и во верзија со погон на природен гас, два 1,6 литарски дизели со 90, односно 105 КС и моќен, 2,0 литарски дизел со 135 КС. 
 
 
Моделот со погон на природен гас е особено економичен и еколошки: троши 4,9 KG природен гас на 100 km и испушта само 134 g/km CO2 во атмосферата.
 
 
Достапни се три нивоа на опрема, Pop, Easy и Lounge, со кои ќе се задоволат потребите и на најпребирливите купувачи.
 
 
Fiat Doblo е така дизајниран за да ги задоволи сите потреби на едно семејство, како функционалната и пространа внатрешност и ултра големиот багажен простор.
 
 
Комплетно новиот надворешен дизајн има спортски елементи и динамичен изглед, што го прави Doblo најдопадливиот модел во сегментот. Во понудата има и 11 бои за надворешноста, што ги зголемува можностите за персонализација.
 
 
Новото Doblo стандардно доаѓа со систем за качување по нагорнина, Hill Hold Assist, кој ја држи кочницата доволно долго за тргнување без враќање назад. Благодарение на овој систем, нема потреба од користење на паркирната кочница.
 
 
За прв пат во класата, суспензијата на Doblo е како кај компактните автомобили. Така, задната Bi-Link оска овозможува високи перформанси, одлична удобност и голема носивост.
 
 
Функционален и практичен се придавки кои го краселе секое Doblo, но новиот модел го подобрува тоа и сега нуди дури 30 различни конфигурации на седење во кабината. 
 
 
Новото Doblo беше лансирано брзо по лансирањето на новото Ducato. Гамата ќе биде пополнета со новото Scudo, кое треба да пристигне наредната година.
 
 
Fiat Doblo Cargo е вистински бренд кај товарните возила, со продадени неверојатни 2,9 милиони примероци досега. 
 
 
Бројките за учеството на пазарот во своите класи на сите товарни и мултифункционални автомобили на Fiat. Doblo е петтиот најпродаван модел во сегментот, бројка која треба да се подобри со новиот модел.
 
 
Fiat Doblo може да задоволи широк дијапазон на купувачи, од професионалци до фамилијарните возачи. 
 
 
Новиот EcoJet дизел мотор ќе донесе големи заштеди во потрошувачката на гориво, кои можат да изнесуваат и до 1.620 евра по 150.000 километри!
 
 
Големи подобрувања се направени и во издржливоста и доверливоста, за зголемување на целосниот квалитет на возилото.
 
 
Doblo се произведува во супер модерната фабрика во Бурса, Турција.
 
 
Новото Doblo ќе има многу помал пад на вредноста, што е одлично за сите кои планираат препродажба во иднина!
 
 
Намалената цена на одржувањето и зголемената цена на пазарот за половни возила, го прават Doblo најисплатливиот модел во сегментот!
 
 
За оние кои сакаат да извадат максимум од возилото, Doblo ќе биде достапен и во верзија само со предна кабина. Идеално за фрижидери и сл.
 
 
Сите можни верзии на Fiat Doblo, вклучувајќи ги и оние без кабина во задниот дел.
 
 
Со сите изведби, Fiat Doblo ја има најбогатата гама на модели во сегментот на товарни возила.
 
 
Задната суспензија е прилагодена на потребите на различни модели во понудата, со цел постигнување на оптимална носивост и перформанси.
 
 
Благодарение на тоа, новото Doblo има најдобри возни својства во класата, најблиски до оние на еден компактен патнички автомобил.
 
 
Во внатрешноста има многу корисни места за одлагање ситници, меѓу кои и новите, иновативни под седечкиот дел на седиштето.
 
 
Најголемата товарна верзија на Doblo има над 1 тон носивост, правилен облик на товарниот дел и можност за пренесување на две еуро палети.
 
 
Fiat Doblo е подобар и полесен начин за работа, со повеќе перформанси, поголема практичност и намалени трошоци.
 
 
Целта со новото Doblo е постигнување на над 30% присуство на пазарот на товарни возила на Fiat во Европа.
 
 
Fiat Doblo Cargo веќе им служи на преку 1,4 милиони корисници низ светот.
 
 
Претходните две генерации на Doblo се здобија со наградата „Интернационален Ван на Годината“, па за очекување е и овој модел да го направи тоа.
 
 
Новото Doblo е веќе во четвртата генерација, од 2000 година па досега. Ова го прави Fiat еден од ретките производители кои толку брзо донесуваат нов модел на пазарот.
 
 
Со лансирањето на новите модели, Fiat ќе има присуство во 73% од пазарот на различни класи на автомобили.
 
 
Новото Doblo настапува како функционален и рационален, но и автомобил кој ќе биде посакуван и забавен за возење, со многу мали трошоци за одржување.

Fiat Doblo
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил