Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ       ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Историјат > Дали шведскиот челик е ист како порано?
 
Spodeli
28 March 2015, 00:04


Дали шведскиот челик е ист како порано?  Дали шведскиот челик е ист како порано?
Volvo отсекогаш бил синоним за сигурност. Од основањето на компанијата во 1920-та година до денес, Швеѓаните се трудат да произведат што побезбедни автомобили. Неодамна, Volvo објави инспиративно видео за историјата на компанијата во кое се прави пресек на најдраматичните моменти...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Видеото, иако не трае долго, сепак е еден вид енциклопедија за компанијата. Покрај многуте патенти и пронајдоци, набројани се и целите за во иднина. Притоа, најважна од нив, е целта ниту еден патник да не настрада или пак да не биде посериозно повреден додека се вози во автомобил на Volvo. Акцентирана е и грижата која производителот ја посветува за заштита на животната средина.

Сепак, она што малку зачудува е дека од актуелната гама, во видеото е презентиран само новиот XC 90, односно не се прикажува ниту еден модел од претходната деценија, што оддава впечаток дека можеби компанијата се срами од тие автомобили. Исто така, во видеото на неколку пати се тврди дека иако е во сопственост на кинескиот Geely, Volvo и натаму продолжува да биде она што отсекогаш бил.

Сепак, некои познавачи на состојбите дефинитивно нема да се согласат со ваквото тврдење.

Во продолжение, погледнете ја историјата на Volvo...





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Историјат



 
 
 
 






Одберете нов автомобил