Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Ново Fiat Doblo - Премиера
 
Spodeli
27 March 2015, 09:56


Ново Fiat Doblo - Премиера Fiat Doblo Ново Fiat Doblo - Премиера
Koli.com.mk имаше ексклузивна прилика да присуствува на европската промоција на новото Doblo, онаму каде се наоѓаат срцето и дужата на Fiat - во Торино. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Одлична можност на лице место да го видиме автомобилот познат по својата мобилност, сигурност и употребливост, кој, со новата генерација најавува, и секако нуди повеќе. 

 
Првично претставен во 2000та година, Fiat, со четврта генерација на супер успешните Doblo и Doblo Cargо, уште по првите поминати километри не убеди дека освен класичните вредности што Doblo, но и генерално еден мултифункционален автомобил може да ги понуди, Doblo нуди и нешто ново - веќе вози и многу лесно, како компактен автомобил, што е особено за поздравување - возилото е одлично и за патување, но и за извршување на секојдневните активности. 
 
 
Новото Doblo е комплетно редизајнирано, и однадвор, и во кабината. Забележани со мноштво иновации во новата генерација. Во внатрешноста доминира огромниот простор, седумте седишта и багажниот простор од 790l. Одлично стои и на техничката страна. Новата Bi-Link суспензија нуди најдобри возачки способности во класата на мултифункционалнни возила. 
 
 
Моделот ќе биде продаван во 29 држави и ќе биде достапен со 3 нивоа на опрема, две различни висини, 2 различни меѓуосни растојаниа, 11 бои, 2 типа на седишта (5 седишта стандард и 7 седишта како опција) и 7 агрегати. Моторизацијата се протега од 90 до 135КС, со понуда на два бензиски, четири дизели и еден мотор кој работи на природен гас. 
 
Интересни беа да се видат на едно место сите можни варијанти на Doblo - малку покриени со снег, ама не можеше друго да се очекува во месец Фебруари во Северна Италија.
 
 
Интересна информација за оние што ќе користап пикап верзија - делот зад кабината, е целосно исто конфигуриран и со исти димензии, се со цел сихронизација со сите аксесорис што претходните сопственици на Doblo ги имаат. Бизнис употребата на Doblo треба и мора да значи и заштеда на финансии, во секој поглед, не само во однос на потрошувачката. 
 
 
Како што може да се види и од графичките елементи на промо кампањата за Doblo - се работи за вистински мултифункционален автомобил.
 
 
Дизајн
 
Doblo доби Комплетно нов изглед, како на екстериерот, така и во внатрешноста на автомобилот. Модерен преден дел, преден браник со неколку спортски елементи и поклопец насочен кон патот. Гледано од страна, се протегаат линии кои нагласуваат динамичност и флуидност, а кога прв пат ќе го погледнете автомобилот незабележани нема да останат големите ретровизори, кои покрај добриот изглед, нудат одлична видливост за возачот, што значи многу при управување со поголемо возило. Иако дизајниран да биде практичен и функционален, Doblo истовремено е и симпатичен.
 
 
Купувачите секако ќе имаат голем избор на додатоци за возилото, како и 11 бои, меѓу кои се најде новата сива нијанса која на автомобилот му дава уникатен изглед и елеганција. Од многуте спартански изведени ентериери на мултифункционални возила, Doblo се истакнува со поелегантна внатрешност, a ќе биде достапен со 3 нивоа на опрема - Pop, Easy и Lounge, со избор на неколку комбинации на боја во внатрешноста. Да не ја заборавиме и реорганизацијата на сите команди во возилото, што ги прави полесно дофатливи за возачот.
 
 
Моторизација
 
Новиот модел пристигнува со една од најголемите линии на мотори во својата класа. Сите агрегати ветуваат сигурност, голема издржливост, одлични перформанси и завидна економија. Во понудата се вклучени 2 бензински и 4 дизелски агрегати. Во бензинскиот тим играат 1.4 литарскиот со 95КС и 1.4 T-JET со 120 КС, додека на другата страна ги имате дизелските мотори кои се со зафатнина од 1.6l и притоа нудат моќност од 90, 105 и 135КС. Многу важно, дизелските агрегати се од втората генерација на MultiJet фамилијата, која е синоним за технологија, перформанси и економичност. 
 
 
Со неколку подобрувања, 1.6 литарскиот дизел со 105 КС нуди намалена потрошувачка до 15%, што го прави новиот Doblo одличен во секој поглед, посебно за оние што ќе го користат како дел од бизнисот. Понудата е комплетирана со 1.4 литарскиот T-JET бензинец со 120 КС, кој може да се вози на бензин и природен гас.  Просечната потрошувачка на природен гас изнесува 4.9l/100km, притоа произведувајќи 134g CO2 на 100km.
 
 
Разновидност во кабината
 
Веќе сме запознаени со големината на просторот во новото Doblo, минатото тоа го докажа. Одлично поставените седишта, кои сега можат да бидат во 30 конфигурации уште повеќе ја нагласуваат практичната изведба. Багажниот простор, почнувајќи од 790 литри за верзијата со кратко меѓуоскино растојание, до 1050 литри кај моделот со зголемено меѓуоскино растојание, е најголем во класата. Неверојатно но вистинито, багажниот простор се зголемува до 3200 литри (или 4000 доколку ги спуштите задните седишта). За пофалба е и задната полица која се наоѓа близу задното стакло, која може да издржи тежина до 70kg. 
 
Можеби немавме идеални временски услови, но се уверивме дека патувањето во овој автомобил воопшто не е досадно - опкружени сте со одлични материјали, комфорни седишта и многу опрема, кои ќе го претворат секое патување во нова авантура. 
 
 
Во возило со оваа големина, битен фактор игра и температурата во него. Fiat се погрижи и за тоа. Клима уредот во автомобилот е со одлични перформанси. Предните издуви за воздух се со голем дијаметар, стоплувајќи ја или разладувајќи ја големата кабина за релативно кратко време, без проблем. Сето ова е поддржано со многу корисни прегради за складирање, кои се поголеми од било кога. Накратко, она што секогаш Fiat знае да го изведем мајсторски, новото Doblo е преполно со интелегентни решенија за простор во кабината, првично направени да ги задоволат потребите на возачот и патниците. 
 
 
Сигурно и динамично однесување
 
Новото Doblo треба да претставува пример за возилата од оваа класа, кога безбедноста е во прашање. Новата генерација носи неколку напредни системи за стабилност, вклучувајќи го ABS и EBD системот за сопирање, ESC во соработка со ASR системот против пролизгување, HBA (хидрауличен систем за сопирање), како и системот кој помага при тргнување на угорница.
 
 
Сигурноста е комплетирана со предни и странични воздушни перничиња и систем за надгледување на притисокот во пневматиците. Во однос на динамиката на самото возило се погрижи Bi-Link суспензијата, која понатамошно ја зголемува управливоста на автомобилот, како и возачкото задоволство, нешто што првично го забележавме и не одушеви. Новата суспензија исто така нуди поголема стабилност, подобар комфор и лесно справување со нерамнините на коловозот. 
 
 
 
Мултимедија
 
На забавната страна, новото Fiat Doblo нуди две нивоа според опременоста. Првиот систем пристигнува со активен “matrix” дисплеј, Fm/AМ радио, USB приклучок, AUX приклучок, Bluetooth технологија и аудио команди на управувачот. Новата генерација исто така ќе биде достапна со UConnect 5” мултимедија систем, веќе претставен кај некои Fiat модели. Подетално, овој систем е базиран на 5 инчен екран осетлив на допир, преку кој имате многу можности. Системот вклучува и напредна Bluetooth конекција преку која може да воспоставите телефонски повик или прикажување на СМС пораки на екранот.  UConnect 5” исто така доаѓа со команди на управувачот.
 
 
 
Заклучок
 
Вредностите што ги носи новото Doblo, се најава дека, можеби, исто како што тоа беше случај во 2006та и 2011та, Doblo повторно да ја добие наградата за интернационален VAN на годината. Инаку, по претставуањето на Ducato во 2014та, сега Doblo, Fiat, за 2016 најавува и ново Scudo, Fiorino, но и нов пик-ап. 
 
Почнувајќи од првата генерација па се до денес, регистрирани се повеќе од 1 милион и 400 илјади модели Doblo. Doblo ќе се произведува во фабриката во Бурса, Турција
 
Спремни со многу материјали, во следниот период на Koli.com.mk очекувајте мноштво информации за новите Doblo и Doblo Cargo. Имаме спремно дополнителни текстови и за Doblo и за Doblo Cargo, како и интервју со Господинот Нирман Винклер, одговорен за ПР и Маркетинг на Fiat Proffesional, од кој добивме повеќе инсајдерски и информации и во врскасо самото Doblo, но и за Fiat и автоиндустријата денес, генерално.
 

Fiat Doblo
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил