Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Илон Маск - Автономните возила се иднината
 
Spodeli
18 March 2015, 22:50


Илон Маск - Автономните возила се иднината  Илон Маск - Автономните возила се иднината
Шефот на Tesla Motors истакна дека само прашање на време е кога самоуправувачките автомобили ќе станат вообичаен начин за превоз...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Самоуправувачките автомобили веќе не се научна фантастика, но во моментов тие се далеку од присутни во секојдневниот живот. Сепак, според гледиштето на Илон Маск ваквата ситуација би можела да се промени. Во еден свој неодамнешен разговор, шефот на Tesla Motors истакна дека само прашање на време е кога автономните возила ќе станат вообичаен начин за превоз. „Незамисливо ќе биде човек да управува со машини што се толку несигурни и опасни“, вели Маск, алудирајќи на иднината во која мануелното управување на возила би било противзаконско и етикетирано како потенцијална опасност по животот на возачите и другите учесници во сообраќајот.

Исто така во разговорот беше споменато дека самоуправувачките автомобили од иднината не би морале да го следат конвенционалниот дизајн на сегашните возила, бидејќи нема да има потреба да се вградуваат многу од елементите што денес се сметаат за стандардна опрема, како на пример: воздушни перничиња, управувач, стоп-светла итн. Меѓутоа, вакви драстични промени не се очекуваат во догледно време. Маск рече дека дури и ако почнувајќи утре, сите нови автомобили се автономни, сепак ќе биде потребен период од 15 до 20 години за ваквите возила комплетно да ги заменат традиционалните кои веќе се во сообраќај. Според него истото важи и за електричните возила: „Доколку сите автомобили одеднаш станат електрични, ќе требаат околу 20 години да го заменат актуелниот возен парк“.

Се разбира, Tesla во моментов активно работи на ваквата иднина. Својот најнов Model S P85D компанијата го има опремено со интелигентни системи како опција за автоматско престројување и активна контрола на движењето, која ќе овозможува автомобилот да се прилагоди на ограничувањата на брзината и да запре доколку детектира вклучени стоп-светла кај возилото однапред. „Во моментов има можности да се направи сериозен напредок во однос на автономијата... Сепак станува збор за концепт кој што овозможува различни нивоа на контрола и безбедност“. Маск исто така работи на безбедносни решенија кои би оневозможиле автомобилите на Tesla да се „пробијат“ од страна на хакери. Хакерите можеби ќе изнајдат начини за да добијат пристап до системот за информации и забава во возилото, но ќе биде премногу тешко да воспостават контрола врз основните функции, како на пример управувачот.

Една од најголемите пречки за Tesla во однос на автономното возење е комплексноста на урбаните средини. Возењето по автопат може лесно да се регулира, но кога автомобилот ќе навлезе во зони со ограничување на брзината од 25 до 80 km/h станува незгодно. „Во вакви ситуации потребни се најпрецизни системи, кои ќе може да ги протолкуваат ограничувањата и да постапуваат според нив“, објаснува Маск.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил