Новата платформа ќе биде основа за следната генерација на Volvo V40 и XC40 SUV, а истата може да се користи и за помали модели, но тие најверојатно нема да го носат знакот на Volvo.
CMA архитектурата која во моментов е се' уште во развој ќе има прилагодлива големина, но експертите од одделот за безбедност на шведскиот производител сметаат дека доколку во моментов Volvo се реши да произведува автомобил помал од V40/XC40, тоа би можело да ја принуди компанијата да направи одредени отстапки од своите високи стандарди за безбедност. Сепак, ваквата позиција може да се промени доколку дојде до намалување на цената на материјалите за производство, како на пример јаглеродните влакна. Инаку, новата платформа се развива во погоните на Volvo-Geely лоцирани во Гетеборг.
Според инсајдерските информации, лансирањето на Volvo XC40 не би требало да се случи пред 2018-та година. Челните луѓе имаат желба да ја искористат растечката популарност на компактните SUV модели, но не сакаат да го базираат автомобилот на стара платформа. Со промоцијата на првиот модел кој ќе се базира на CMA, ќе се означи и крајот на користењето на платформите од Ford, што пак е наследство од поранешна сопственичка структура.
|