Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Volkswagen до 2017-та ќе направи спортски „супер Passat“
 
Spodeli
10 March 2015, 19:00


Volkswagen до 2017-та ќе направи спортски „супер Passat“  Volkswagen до 2017-та ќе направи спортски „супер Passat“
Производителот во моментов размислува за нов луксузен автомобил кој во понудата би бил позициониран над Passat, но тоа нема да биде замена за Phaeton...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Планерите од германската компанијата сметаат дека во актуелната понуда има простор за еден вид на супер Passat (или доколку сакате - мини Phaeton). Развојот на ваков „меѓу модел“ е пред се' поттикнат од побарувачката за големи седани во Кина и САД.

Кога станува збор за спортски автомобил нормално е да се очекува поголема моќност, па затоа VW планира вградување на V6 мотори, а како основа, најверојатно, би се искористила MQB платформата.

Другата опција е да се користи MLB платформата на Audi, која се користи кај моделот А6. Во неа би можеле поудобно да се сместат V6 агрегатите, особено 3,0-литарскиот TSI со 300 КС и 3,0-литарскиот TDI со 272 КС.

Верзијата со погон на сите четири тркала би ја носела 4Motion значката на VW, Audi платформата ќе диктира употреба на Quattro систем, за разлика од MQB каде се користи Haldex спојка.

Моделот на MLB платформа би претставувал поголема закана за BMW, Mercedes, но потенцијално и за Audi A6. MQB опцијата е поевтина за производство, но можеби ценовно би била поблиску до Passat.

Доколку ваков модел добие зелено светло, VW очекува истиот да достигне цена до 34.000 евра, а продажбата би стартувала во 2017-та година.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил