Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1        WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Македонија > BMW i8 фотографиран во Скопје
 
Spodeli
07 March 2015, 16:03


BMW i8 фотографиран во Скопје BMW i8 * BMW i8 фотографиран во Скопје
Кој ли е сопственикот на овој „убавец“ од скопскиот асфалт...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Фотографијата е преземена од Facebook групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ така што најверојатно автомобилот е фотографиран зошто неговиот сопственик направил некаков прекршок при паркирањето. Во описот на сликата стои: „Фотографирано во Скопје (катна гаража)“.

Станува збор за моделот i8 - хибриден спортски супер автомобил. i8 е придвижуван од 1,5-литарски, три-цилиндричен TwinPower турбо бензински мотор со моќност од 170 kW (231 КС) и максимален вртежен момент од 320 Nm. Овој агрегат е во комбинација со електромотор со 96 kW (131 КС) и максимален вртежен момент од 250 Nm, со литиум-јонски батерии (5,2 kWh).

Комбинираната моќност на plug-in хибридниот систем е 266 kW или 362 КС. Тоа е доволно за автомобилот со вкупна тежина од 1.485 kg, до 100 km/h да забрза за 4,4 секунди, додека пак неговата максимална брзина е ограничена на 250 km/h.

Електричната автономија е 37 km, а при користење само на електромоторот максималната брзина изнесува 120 km/h. За напојување на батеријата, во зависност од начинот на полнење, потребни се од два до три часа.

Како концепт, овој модел беше презентиран во 2009-та година на саемот за автомобили во Франкфурт, додека пак сериската верзија беше претставена во 2013-та година. Глобалната продажба започна во јануари годинава.

Досега се продадени 2.170 примероци од i8, од кои еден очигледно завршил и во Македонија. Неговата цена изнесува нешто повеќе од 100.000 евра.


BMW i8 *
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил