Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Новата генерација на Volvo возила започнува овде – 2016 Volvo XC90
 
Spodeli
27 February 2015, 18:50


Новата генерација на Volvo возила започнува овде – 2016 Volvo XC90 Volvo XC90 Новата генерација на Volvo возила започнува овде – 2016 Volvo XC90
Кросовер автомобилите се поприсутни од било кога, а Volvo штотуку го претстави својот најнов, ако не и најдобар кросовер...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Јасно е дека Volvo чекаше долго време за да го претстави овој автомобил. Првата генерација на XC90 беше лансирана во 2002 година. По 13 години и 636.000 продадени примероци, Volvo го претстави наследникот, но исто така и првиот автомобил во линијата на комплетно нови возила што ќе ги видиме во иднина.

Новиот автомобил беше претставен на крајбрежјето близу Тарагона, Шпанија, а очевидците тврдат дека ова е најдоброто Volvo на сите времиња. 

Зошто XC90 е наречен “најдоброто Volvo” ?
 
Volvo од секогаш беа посветени на одличниот, а воедно смирен дизајн. Надворешниот дизајн на новиот автомобил е едноставен, потсетувајќи не на старите облици кои се произведени од Volvo, како 240 караван.
 
 
Да не дојде до забуна, ова не го прави автомобилот здодевен, напротив, новиот XC90 изгледа пристојно и модерно, за што сведочат задните светла кои се позајмени од концепт автомобилот кој беше претставен пред неколку години.
 
 
Слични елементи може да најдете доколку детално ја простудирате кабината на автомобилот.  Интересен е начинот на кој се стартува возилото. Вообичаено, новите автомобили се стартуваат преку старт-стоп копче, додека кај постарите модели може да го најдете класичниот клуч. Во XC90 дојде до спој на модерното и класичното, односно стартувањето на автомобилот се врши преку копче кое се врти, исто како клуч.
 
 
Материјалите кои се користени во внатрешноста се доста добри, а преовладуваат материјалите кои се меки на допир. Кога веќе го спомнавме материјалите во внатрешноста, да не го заборавиме новиот информативен систем кој е поставен на средината од предниот дел во внатрешноста. Станува збор за 9 инчен дисплеј кој помалку наликува на “таблет” со своите светло црни страници.  Но Volvo не се погрижи само за изгледот, перформансите се исто така на завидно ниво. 

 
Моторизација
 
Volvo одлично се снајде и на ова поле. 2 литарски твин турбо агрегат, кој произведува добри 316 КС и 400Nm вртежен момент. Максималниот вртежен момент е достапен при ниски 2.200 вртежи, додека максималниот број на коњски сили го добивате на 5.600 вртежи во минута.
 
 
Овие бројки со сигурност претставуваат закана за самопрогласените “спортски” хечбек возила, кои се повеќе гласни одошто брзи. 

Комфор
 
Верувале или не, Volvo потроши 7 години за дизајнирање на седиштата. Со ова ја добивате идејата до комфорноста на овој модел. Автомобилот стои на доста висока суспензија, која одлично ги апсорбира сите нерамнини на коловозот, но доколку сте љубител на уште по удобно возење, како опција е вклучена воздушната суспензија која ќе чини околу 1.500 евра.
 
 
Да не заборавиме, возилото е опремено со 3 реда на седишта, кои можат удобно да сместат 7 патници. 

Цена
 
Volvo својот нов автомобил го смести во средината на луксузните кросовери. Целта на Volvo беше автомобилот да ја пополни празнината помеѓу Јапонските и Германските возила, во овој случај Infiniti QX60 и BMW X5 и Mercedes-Benz M Класа. Со тоа може да кажеме дека XC90 се наоѓа доста близу до Audi Q7.
 
 
Во споредба со своите Јапонски ривали, Volvo нуди подобра стандардна опрема за XC90, како што се поголемите тркала и новиот информативен систем. Цената на почетниот модел ќе изнесува околу 43.000 евра, додека за најопремената изведба ќе ви бидат потребни нешто повеќе од 59.000 евра.

Volvo XC90
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил