Преку оваа програма, Volkswagen ветува дека купувачите ќе искусат квалитет и перформанси, кои одговараат на брендот, односно на она што купувачите го навикнале кај овој производител. Кристјан Клинглер, членот на управниот одбор на Volkswagen AG одговорен за продажба, надополни: „Одејќи во чекор со имплементацијата, ќе бидат поставени јасни стандарди и ветување за квалитет, како и атрактивни цени за сите возила од Das WeltAuto брендот. Сето ова ќе биде имплементирано во светски рамки“.
Целта на оваа програма, односно на брендот Das WeltAuto, е и купувачите на половни автомобили да добијат проверено и квалитетно возило. За истото тие ќе добијат и соодветна гаранција, а дури и ќе можат да го вратат производот доколку не ги исполнил нивните очекувања. За што полесно да дојдат до својот автомобил, на купувачите ќе им биде овозможено и олеснето плаќање преку кредит или лизинг.
Покрај сето претходно наведено, на купувачите ќе им биде овозможено да изберат модификација на возилото, било од козметичка или од технолошка природа. На овој начин тие лесно ќе го персонализираат автомобилот по своите желби и потреби.
Лансирањето на брендот Das WeltAuto на светските пазари, ќе биде поткрепено и со соодветна маркетинг кампања, преку која дилерот ќе се обиде да ја продлабочи довербата кај купувачите во брендот на Volkswagen. Промотивен материјал за кампањата, ќе се дели кај сите дилери на возилата на овој бренд.
На овој начин, концернот Volkswagen отвора сосема ново подрачје во дилерството на возила, односно продажбата на половни возила. Ако не сме целосно сигурни за успехот на странските пазари, за успехот на ваквата програма на нашиот пазар не се ни сомневаме, посебно по последните случувања во врска со увозот на половни возила.
|