Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Пристигнаа првите фотографии од најбрзиот Lotus досега - Evora 400
 
Spodeli
22 February 2015, 23:18


Пристигнаа првите фотографии од најбрзиот Lotus досега - Evora 400 Lotus Evora Пристигнаа првите фотографии од најбрзиот Lotus досега -  Evora 400
Како што најави самиот наслов, ова е досега најбрзиот Lotus, а на пазарот ќе пристигне во Август оваа година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 "Нов", барем така го нарекува Lotus и премиерно автомобилот ќе се појави во Женева. Новиот модел ќе ги замени сите Evora изведби кои моментално се во продажната понуда.


 
Што е ново на 2015 Lotus Evora?
 
Досега автомобилот не беше продаван во големи бројки. Во споредба со 911 моделот, Evora не е ни близу на продажното поле, додека цените се горе долу слични.
 
 
Со цел да се подобри продажбата, Lotus ја употреби старата добра формула за производство на добар спортски автомобил. Помалку тежина и посилен агрегат. 16% посилен да бидеме попрецизни.

Но дали оваа Evora е навистина нова?
 
 
Да и не. Јасно е дека новиот автомобил претставува еволуирана верзија на моделот кој моментално е на продажба, но Lotus тврди дека 2 третини од компонентите се нови.
 
 
Автомобилот ќе пристигне со алумиумска шасија, а крајниот резултат изнесува 1415kg, или 22kg полесен од претходниот модел. Во поглед на моторизацијата - 3.5 литарски V6 агрегат потпомогнат од компресор, кој на агрегатот му додава дополнителни 55 КС за вкупно 400. Со оваа комбинација автомобилот забрзува до 100 km/h за 4.1 секунди, а максималната брзина изнесува 300 km/h. 

 
Сеуште е добар за возење, зарем не?
 
Се надеваме. Покрај финансиските успони и падови, моделите на Lotus никогаш не ги изгубија одличните својства при возењето. Последната Evora изненади со своите можности и баланс при возењето, па истите карактеристики се очекува да ги наследи и новиот автомобил.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил