Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Што може да очекуваме на Женевскиот авто саем
 
Spodeli
15 February 2015, 19:46


Што може да очекуваме на Женевскиот авто саем  Што може да очекуваме на Женевскиот авто саем
Полека но сигурно автомобилскиот саем во Женева се претвора во најдобар автомобилски настан на годината...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Автомобилскиот саем се одржува од 3ти до 15ти Март. Традиционално, претставени ќе бидат куп нови Европски автомобили. Следува листа на автомобили кои ќе се појават на овогодинешниот саем во Женева.

 
Audi RS3 - Спортски хечбек кој ќе биде претставен со 2.5 литарски турбо бензинец кој развива 362 КС. 0-100km/h за само 4.3 секунди.
 
 
Audi R8 - Технологија позајмена од Lambroghini Huracan. Втората генерација на R8 моделот ќе биде достапна само со погон на сите 4 тркала.
 
 
Aston Martin Vantage GT3 - Поекстремна верзија од V12 Vantage S моделот.
 
 
BMW Серија 1 Фејслифт - Редизајниран M135i со 322 КС ќе биде достапен во подновената Серија 1.
 
 
BMW Серија 2 Active Tourer - Дополнителни 2 седишта за вкупно 7 на досега познатата Серија 2
 
 
Borgward - Историскиот Германски бренд ветува повторно враќање на пазарот
 
  
Ford Focus RS - Третата генерација на RS семејството пристигнува со 2.3 литарски EcoBoost кој развива 316 КС
 
 
Honda Civic Type R - Ѕвездата на настанот. За прв пат Civic Type R со турбо агрегат кој развива 300 КС
 
 
Hyundai i30 Фејслифт - Спорстка турбо изведба со 183 КС ќе биде вклучена во i30 понудата
 
 
Hyundai i40 Фејслифт - Освежен стајлинг, подобрени агрегати и нова трансмисија
 
 
Hyundai i20 Coupe - Купе верзија на i20 хечбек моделот кој ќе се најде рамо до рамо со Ford Fiesta и Vw Polo
 
 
Hyundai Tuscon - Моментално на продажба може да го најдете ix35 моделот, кој ќе биде заменет од новиот Tuscon
 
 
Infiniti QX30 - QX30 концептот ќе се појави во Женева, по што ќе почне неговото производство
 
 
Jaguar XJ Фејслифт - Минимални козметички промени на водечкиот модел од компанијата Jaguar
 
 
Kahn Flying Huntsman - Автомобил базиран на Land Rover Defender ќе пристигне со 6.2 литарски V8 кој развива 450 КС
 
 
Kia Optima концепт - Четвртата генерација на Optima линијата ќе пристигне со караванска верзија
 
 
Kia Picanto Фејслист - Минимални промени на екстериерот и дополнителна спортска верзија за моделот Picanto
 
 
Lamborghini Aventador SV - Super Veloce верзија од суперавтомобилот Aventador
 
 
Lotus Evora Фејслифт - Полесен и посилен. Ова се главните карактеристики на подновениот модел
 
 
McLaren P1 GTR - Похардкор верзија од McLaren P1 хипер автомобилот, кој ќе влезе во блиска борба со LaFerrari FXX K
 
 
Mitsubishi концепт - Нов кросовер со спортски карактеристики
 
 
Morgan суперавтомобил - Morgan најави нов суперавтомобил кој ќе биде претставен во Женева
 
 
Porsche 911 GT3 RS - Автомобилот го очекувавме минатата година, но сепак за прв пат ќе се појави на саемот во Женева
 
 
Porsche Cayman GT4 - 3.8 литарски боксер мотор кој произведува 380 КС
 
 
Rolls-Royce Wraith Кабрио - Кабрио Rolls со стајлинг инспириран од Ghost моделот
 
 
Skoda Superb - Новиот автомобил за прв пат ќе се појави на Женевскиот саем
 
 
Volkswagen Golf GTD Караван - Голем фамилијарен автомобил со нагласен спортски карактер
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил