Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Совети за безбедност > Hella работи на систем кој открива оштетувања на каросеријата на возилото
 
Spodeli
10 February 2015, 18:32


Hella работи на систем кој открива оштетувања на каросеријата на возилото  Hella работи на систем кој открива оштетувања на каросеријата на возилото
Компанијата Hella произведува многу повеќе од светлата кои ги вградуваме на нашите автомобили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Оваа компанија работи и на електроника за моторцикли и безбедносни системи базирани на радарска технологија. Моментално компанијата развива систем кој ќе има за цел да открие оштетување на каросеријата. Системот е составен од 4 до 12 пиезо-електрични сензори кои се залепени на внатрешната страна на компонентите од каросеријата.

Алгоритамот го процесуира електричниот сигнал кој е испратен при ударот во возилото, по што самиот систем може да го открие точното место на ударот. Оваа технологија е дизајнирана да работи на било кој материјал од кој се изработени новите автомобили, па дури и на карбонски влакна. Доколку системот е интегриран со ГПС системот на возилото, може да се добијат детали како поточно е направена штетата, а доколку овој систем го поврзете со камера во автомобилот, по ударот камерата ќе се вклучи по што ќе имате доказ од случувањето.

Hella планира системот да биде инсталиран во сериските возила до 2018 година. Ова е навистина чекор напред во сигурноста за вашиот миленик, а ова може да прерасне во револуција во доменот “автомобилски стресови”.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Совети за безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил