Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Bosch ги прикажа своите паметни решенија на CES 2015
 
Spodeli
21 January 2015, 14:30


Bosch ги прикажа своите паметни решенија на CES 2015  Bosch ги прикажа своите паметни решенија на CES 2015
Светот е се повеќе поврзан, а понекогаш се чини дека интернетот и глобализацијата развија свој сопствен импулс...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Компаниите како Bosch можат да помогнат да се обликува овој развој. На меѓународниот саем за електроника и технологија CES, Bosch ги претстави своите интелегентни решенија смислени да им овозможат на потрошувачите, угоден, ефикасен и безбеден живот. Суштинската стручност на оваа компанија е конверзија на енергија, со што Bosch им нуди на сопствениците на станбени и деловни објекти пакети кои ја комбинираат технологијата и услугата.

Решенијата на Bosch интелегентно ги поврзуваат и контролираат производството и потрошувачката на енергијата и топлината. Со ова се поврзани повеќе подрачја. Компанијата исто така нуди софтвер и сензорски технологии, како и услуги за управување со енергијата и далечински надзор. Тоа им овозможува на корисниците поефикасно да ги користат енергијата и ресурсите, притоа со значително намалени трошоци. Интернетот им овозможува на овие уреди и системи да комуницираат еден со друг, а според проценката дека во 2015 година 75% од светската популација ќе има интернет поврзаност, се очекува голема промена на пазарот за енергија.

Bosch веќе има значително искуство во оваа област, со преку 50.000 продадени системи за греење. Да не заборавиме дека Bosch игра голема улога и во автомобилскиот свет. Компанијата на саемот претстави и неколку решенија наменети за автомобилите кои нудат зголемена сигурност и удобност на патот.

Мрежно поврзување помеѓу автомобилите, кое нуди разни информации за моменталната положба и информации за многубројни останати услуги. Bosch ова решение го нуди во различни конфигурации, за патнички автомобили, за камиони како и за моторцикли. Веќе од 2016 година Bosch очекува скоро во секое ново теретно возило во Европа да биде вградено мрежно поврзување.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил