Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Премиера: Погледнете ја новата Alfa Romeo 4c Spider
 
Spodeli
20 January 2015, 19:49


Премиера: Погледнете ја новата Alfa Romeo 4c Spider Alfa Romeo 4C Spider 2019 Премиера: Погледнете ја новата Alfa Romeo 4c Spider
Со своето легендарно тркачко искуство, Alfa Romeo со гордост го престави новиот Alfa Romeo 4c Spider...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Многу држави можат да направат добар спортски автомобил, но кога станува збор за спортски автомобили, Италија е се уште недостижна. Последниот доказ дека Италијанците се најдобри доаѓа од Alfa Romeo. Компанијата штотуку го претстави новиот автомобил кој привлече огромно внимание. Иако ова се компјутерски фотографии, сигурни сме дека завршниот дизајн на автомобилот ќе изгледа идентично.

Некои автомобили тешко ја прифаќаат трансформацијата од купе во кабриолет, но 4C е автомобил кој се справи доста вешто со оваа промена. Благодарение на распоредот со централно поставениот мотор, напредната технологија и компактната величина, новиот 4C Spider ја демонстрира својата прецизност и завидни перформанси со максимална брзина од 257 km/h и забрзување до 100 km/h за 4,1s.

Да не заборавиме дека автомобилот е изграден на монокок шасија, која е во целост изработена од карбонски влакна, чии слоеви се рачно поставени со што се зголемува цврстината на целокупната структура. Срцето на автомобилот претставува 1.75 литарскиот турбо бензинец со директно вбризгување на гориво кој развива 237 КС. Во споредба со денешните спортски автомобили, овој агрегат е играчка, но ниската маса на возилото го става 4C Spider рамо до рамо со “големите момци”. Максималниот вртежен момент изнесува 350Nm, од кои 80% се достапни при само 1.700 вртежи.

Доколку сте голем автомобилски ентузијаст со сигурност го сакате автомобилот со мануелен менувач, но достапна ќе биде и верзијата со автоматски менувач со двојна спојка. Но кога станува збор за брзина, автоматскиот менувач минува низ степените за само 130 милисекунди.

 
Автомобилот има неколку режими на возење: All-Weather, Natural, Dynamic, Race.
 
All-Weather – режим дизајниран да пружи максимална управливост при лоши временски услови, истовремено намалувајќи го пролизгувањето до минимум. 
 
Natural -  режим кој овозможува удобност при подолги патувања.
 
Dynamic – овој режим нуди подобрени перформанси при поагресивно возење и намалено дејство на ESC системот.
 
Race – како што самото име гласи, овој режим е наменет за максимално спортско возење. ESC системот и контролата против пролизгување се комплетно исклучени, со што автомобилот е само во ваша контрола. 

 


Alfa Romeo 4C Spider 2019
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил