Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > ГН на Кина - Потрагата по четвртиот победник започнува!
 
Spodeli
16 April 2010, 06:13


ГН на Кина - Потрагата по четвртиот победник започнува!  ГН на Кина - Потрагата по четвртиот победник започнува!
По три трки сезонава, три различни победници, а со тоа и три различни тимови на подиумот. Густо е и на врвот, каде што првите 7 возачи се одделени на 9 бода разлика меѓусебно. Смешно или не, петто место е доволно за некој возач да избие на првата позиција...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Две трки по Бахреин, каде што гледаме исклучително возбудливи трки, со многу акција и трилер финиш. По двете трки во Мелбурн и Сепанг, никој веќе не посакува трка монотона како онаа на Шакир.

Малезија исто така најави враќање во игра на Себастијан Фетел, кој со убедлива победа на Сепанг, ќе пристигне во Шангај во потера по искачување на највисокото место на подиум, втор пат годинава. Без сомнение, болидите на Red Bull се најбрзите во досегашниот тек од сезоната, но единствено непостојаноста е она што може да ги оддалечи од нови триумфи.

Каков би бил одговорот на Фетел и Red Bull? Старите, добри ривали, МcLaren и Ferrari. Малезија покажа дека на трка со брзи свиоци, MP4-25 со иновативниот “f-duct“ систем е еден од најбрзите болиди годинава. Одличниот продор на Хамилтон во Малезија од 21 место до шестата позиција, ја врати самодовербата на поранешниот шампион, па заедно со ланскиот, ја започнуваат мисијата за втората победа на тимот од Вокинг.

Но големата пречка претставуваат лидерите во поредокот на возачи и конструктори, италијанскиот Ferrari со водечкиот Маса и второпласираниот Алонсо. Ренесансата во Ferrari со доаѓањето на Алонсо, одлично влијаеше врз Маса, кој со неколку константно добри извозени трки, се наоѓа на лидерската позиција. Можеби пехот на Алонсо со моторот во Малезија му овозможи двонеделно владеење на Маса, но Бразилецот делува упорен во целта да се докаже дека сепак позицијата на втор возач, не е наменета за него.

Од останатите тимови, она што до сега може да се заклучи е дека Mercedes со Браун, Шумахер и Розберг, се уште не е подготвен за победи. Големото враќање на Шумахер и еуфоријата меѓу Германците се повеќе се стишува, а просечните резултати на Mercedes дополнително го стимулираат тоа. Разочарувањето кај Германците во моментов, можеби е еднакво на еуфоријата пред неколку месеци, но ваков старт ни од далеку не се очекуваше за нив.

Она што изненадува во моментов е формата на Renault кои со Кубица и надежниот Петров се во обид да се стигне до уште еден подиум. Французите изненадија на почетокот на сезоната, но може да се додаде дека и временските услови беа голем фактор за нивниот продор на врвот на последните трки. Дали е случајно или не, останува да видиме викендов...

Force India и Sauber од позадина чекаат нови можности за поени, особено тимот на Виџеј Малаја кој од година во година е се подобар, па Индијците најавуваат трка со лидерите во следниот период кој претстои...

Па така, имаме битка меѓу седум возачи во поредокот, меѓу три тимови кои екстремно блиску се дишат во врат, контроверзни збиднувања, технички иновации и враќање на легенди во спортот... Шангај можеби не е атрактивна локација за израмнување на сметките меѓу тимовите, но претставува одлична најава за европските трки кои треба да ја разрешат дилемата...





Стари коментари
Azijatkite ko azijatki - od koja i da se marka :) Ne gi biva - falat atributite :)
Напишан од g  пред  околу 115 месеци
da super se:)
Напишан од dejan  пред  околу 115 месеци
da super se:)
Напишан од vlatko  пред  околу 115 месеци
ts kineskinji se hahaha
Напишан од edo  пред  околу 115 месеци
japankive se top
Напишан од edo  пред  околу 115 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил