Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Новиот Tesla Model X достапен со 700 КС
 
Spodeli
16 January 2015, 13:11


Новиот Tesla Model X достапен со 700 КС  Новиот Tesla Model X достапен со 700 КС
Калифорнискиот произведувач на електрични автомобили ги објави последните информации за моделот кој на пазарот ќе пристигне во 2016 година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Од Tesla најавуваат автомобил кои на купувачите ќе им понуди едноставна комбинација на простран и функционален SUV со седум седишта и врвни перформанси на електричен автомобил.

Исто така потврдено е дека автомобилот ќе ги преземе “gullwing” вратите од најавениот концепт, со што е олеснет пристапот до задните седишта. Во поглед на погонот, Model X ќе го наследи погонот од Tesla Model S, што значи стандарден погон на сите четири тркала и 380 КС произведени од електричен мотор и 60 kWh батерија.

Достапна ќе биде и втора верзија со иста моќ но поголеми батерии кои ја зголемуваат автономијата на автомобилот. За крај, врв на понудата претставува изведбата 85 Performance која е покрената од Dual Motor All Wheel Drive систем, односно комбинација на два електро мотори со вкупна сила од 700 КС и вртежен момент од неверојатни 930 Nm.

Капацитетот на батеријата изнесува 85 kWh. Овој модел ќе забрзува до 100 km/h за помалку од 4 секунди, притоа нудејќи автономија од околу 380 km.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил