Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Најдобрата технологија на овогодинешниот CES саем во Лас Вегас
 
Spodeli
08 January 2015, 12:47


Најдобрата технологија на овогодинешниот CES саем во Лас Вегас  Најдобрата технологија на овогодинешниот CES саем во Лас Вегас
Интернационалниот саем за електроника уште еднаш ја собра најнапредната технологија и роботика на едно место...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Секоја година на овој саем има големо присуство од страна на автомобилската индустрија. Така и оваа година не е исклучок. Во продолжение погледнете ја новата технологија која ќе се користи во иднина и притоа ќе го донесе возењето на ново, досега не видено ниво.

 
VW
 
 
Екраните на допир излегуваат од мода, во иднина возачите ќе можат да ги контролираат функциите на својот автомобил со едноставно мрдање на дланката. Концептот Golf R Touch може да препознае неколку движења преку камера, што во теорија му олеснува на возачот да се фокусира на патот, а не да погледнува во екранот на централната табла. R Touch концептот е составен од 3 екрани, еден со висока резолуција, на кој  ќе биде прикажана навигацијата, помал екран сместен под навигацијата, преку кој може да ја подесите температурата во возилото, а третиот екран е всушност самата инструмент табла. Положбата на екраните е променлива по желба на сопственикот. Во овој момент, јасно е дека автомобилот и компјутерот стануваат една целина која не може да ја раздвоите.
 
BMW
 
 
BMW се најдоа “во иста вода” со VW. Новата генерација на iDrive системот пристигнува со камера монтирана на внатрешноста на покривот, која ги забележува покретите на дланката на возачот. Во меѓувреме, патниците на задните седишта на располагање имаат таблет со Android оперативен систем, преку кој можат да го вклучат/исклучат клима уредот, да ја променат радио станицата и ред други работи кои му се достапни на возачот. Овој систем се очекува на пазарот да пристигне како готов производ за една до две години. Но иновациите на BMW не запираат овде. На саемот беше претставен новиот Park Assist наменет за i3 електричниот модел. Станува збор за систем со кој автомобилот станува автономен. Возилото ќе биде способно само да најде паркинг и да се паркира, а потоа да го најде својот сопственик и да се довози до неговата локација. Што би можело да тргне наопаку?
 
Audi
 
 
Продолжуваме на темата автономни возила. Концептот “Piloted Driving” А7 пристигна на CES по патување од 900 km, на кое автомобилот возел сам, без помош на возачот. Сепак за овој потфат беше потребна промена во законот на Калифорнија, со што беше дозволено тестирање на автономни возила на јавен пат, но само доколку зад воланот се наоѓа професионален лиценциран возач кој ќе преземе контрола во дадени случаи.
 
Mercedes-Benz
 
 
Mercedes не заостанаа ни во светот на автономни возила. Футуристичката луксузна лимузина F 015 беше претставена на саемот и привлече навистина големо внимание. Покрај автономијата на возилото, доста интересна е и внатрешноста. Екрани на допир насекаде, ротирачки седишта и врати кои се отвораат за 90 степени. По овој концепт со нетрпение ја чекаме иднината. 
 
Ford
 
 
 
Ford го искористи овогодинешниот саем за претставување на серија мобилни експерименти. Исто така беше претставен еден вид на мониторинг систем преку кој може да вршите следење на вашиот автомобил во секое време.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил