Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1        WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Македонија > Нов закон: Од 1 јануари нема да се регистрираат автомобилите што многу чадат
 
Spodeli
25 December 2014, 22:22


Нов закон: Од 1 јануари нема да се регистрираат автомобилите што многу чадат  Нов закон: Од 1 јануари нема да се регистрираат автомобилите што многу чадат
Од први јануари 2015-та година на сила ќе стапи нов закон кој предвидува построги казни за сопствениците на оние возила кои при техничкиот преглед за регистрација испуштаат големо количество на издувни гасови...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Законските измени се скроени, а наскоро за нив ќе расправаат и пратениците. Но, не само парични казни, оние што нема да ги почитуваат одредбите од законот може да се случи да бидат и затворени.

„За да се спречи загадувањето на атмосферскиот воздух и да се пресметаат количините на издувни гасови, потребно е преземање на построги казни во станиците за технички преглед во случај на неконтролирање на издувните гасови кај возилата во постапка на регистрација на истите, односно е потребно да се интервенира во Законот за возила“, стои во објаснувањето на законските измени.

На ваквиот чекор, министерствата за економија и внатрешни работи се одлучиле откако утврдиле дека:

„Станиците за технички преглед и покрај законската обврска што ја имаа за мерење на издувните гасови истата не ја извршуваа од причина што не беа пропишани казни за непостапување по наведените одредби“, е наведено во објаснувањето на измените на Законот за возила.

Со законските измени е предвидено дека возилата кои не ги исполнуваат пропишаните услови нема да бидат регистрирани со што значително ќе се намали бројот на возила кои вршат зголемено загадување на воздухот, со што ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми квалитетот на воздухот.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил